Зелено светло од Министерството за енергетика на Грција за истражување за природен гас јужно од Крит

March 26, 2025
1 min read

Министерството за енергетика и животна средина на Грција го прифати изразениот интерес од американската компанија „Chevron“ за вршење истражување за јаглеводороди во два блока во морскиот дел јужно од островот Крит, соопштија од Министерството, што според нив е „уште една важна разврска што ги зајакнува напорите на земјата за искористување на националните енергетски ресурси“, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленото светло од Министерството се однесува на изразениот интерес за блоковите Јужен Крит 1 и Јужен Крит 2, а дополнително ќе бидат издадени соодветно решение со кое, меѓу другото, ќе се прецизираат точните координати, видот на договорот и објавувањето на меѓународен тендер.

– Оваа разврска ги менува податоците, бидејќи Грција ќе излезе на меѓународните пазари со четири нови области под концесии. Станува збор за областите „Блок А2“, „Јужно од Пелопонез“, „Јужно од Крит 1“ и „Јужно од Крит 2“, со вкупна површина од 47 илјади квадратни километри, што во суштина ја удвојува површината на активните морски области за истражување. Зголемувањето на парцелите достапни за истражување ги зголемува и мултиплицира можностите за откривање наоѓалишта кои можат комерцијално да се искористат, соопштија од Министерството.

Министерот за животна средина и енергетика на Грција Ставрос Папаставру рече дека одлуката на американската компанија е „глас на доверба за Грција“ и докажува дека земјата „продолжува да биде атрактивна инвестициска дестинација, со сигурна Влада која гарантира стабилност“.

– Истовремено, претставува силен показател за постоење на значајни природни енергетски ресурси, клучни за нашата земја, за источниот Медитеран и Европа. Ресурси кои ќе бидат искористени за доброто на сите Грци. Ќе следуваат соодветните министерски одлуки кои се однесуваат на точните координати и распишувањето на меѓународен тендер. Владата на Кирјакос Мицотакис доследно ги спроведува своите заложби за Грција која е енергетски безбедна, атрактивна за инвестиции и геостратешки силна, истакна министерот.

„Chevron“ е втора по големина приватна американска компанија во светот, активна во секторот за јаглеводороди со широко присуство во источниот Медитеран, со истражувачки активности во Египет, Израел и Кипар, а според Папаставру е компанија која „изразува континуиран и зголемен интерес за истражување во Грција“.

Интересот на компанијата е насочен кон вкупно три области во земјата, едната е јужно од Пелопонез, интерес изразен во јануари 2025 година и денешните две области на југот на Крит, а со ова „Chevron“ ќе биде на првото место во однос на површината на земјиштето под управување (со 46.000 квадратни километри), а потоа следат „ExxonMobil“ со 35.655 квадратни километри, „Helleniq Energy“ со 8.564 квадратни километри и „Energean“ со 2.414 квадратни километри.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црно Море

Следно

Ерменија го врти грбот на Русија, сака членство во ЕУ

Latest from Blog

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и

Проданоски: „Водовод и канализација“ интензивно работи на проблемот со водоснабдувањето

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот на примарната водоводна линија на

Вештакот Марковски: Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во дискотеката „Пулс“

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски

Берзански извештај: Индексот МБИ10 ослабе, промет од над 37 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 13.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.152,62 поени. Во

Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS) Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“
Go toTop