Трагедијата во Кочани ги разбуди и општинските инспектори: Се проверуваат и згради за домување

March 23, 2025
1 min read

Општинските инспектори на терен, утре детален пресек за извршените контроли и безбедноста на објектите во општините. Покрај градинките, училиштата, домовите за култура, спортските сали-општините ќе ги проверуваат и објектите за домување дали исполнуваат услови за противпожарна заштита.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски посочи дека дел од општините редовно извршувале контроли изманатиот период, но имало и општини кои не си ги извршувале своите обврски.

„Јас жалам што не е секаде состојбата проверувана изминатите години и претпоставувам дека има општини, коишто можеби и од објективни причини не го направиле тоа. Кои се објективните причини и зошто тоа го споменав и на мојата прес-конференција, е делот на недоволно инспекциски служби. Во мојата општина, во строга контрола влегуваме и во стамбените згради-треба да има соодветна хидрантска мрежа, скали за пожар, да се исполнуваат елементарни услови.“ – Орце Ѓорѓиевски претседател на ЗЕЛС, градоначалник на Кисела Вода.

За недостатокот на инспектори во дел од општините Ѓорѓиевски вели дека заеднички ќе се надминува проблемот-инспектори од поголемите општини ќе одат онаму кадешто има потреба.

„Проблемот којшто го имаат најголемиот дел од општините особено помалите општини од внатрешноста е недоволниот број на инспекциски служби. Во многу од општините немаат инспектори за домување, немаат градежни инспекции, комунални инспектори, ние ќе треба заеднички да го решаваме тоа во наредниот период.“ – Орце Ѓорѓиевски претседател на ЗЕЛС, градоначалник на Кисела Вода.

И додека се вршат контролите, од Државниот инспекторат за транспорт денеска е соопштен новиот пресек, од извршени 138 контроли за три дена, се констатира 21 неправилност кај правни и физички лица при вршење на превоз на патници и стоки. За сите неправилности, како што велат од министерството, изречени се казни. Казна има и за  фирмата „Дурмо турс“, чијшто автобус учествуваше во несреќата која се случи близу селото Ласкарци, а во која загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РК Алкалоид испушти победа против Баја Маре

Следно

Приходите од влезниците за натпреварот Македонија-Велс ќе бидат донирани за жртвите од Кочани

Latest from Blog

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

Европската комисија планира до крајот на 2026 година да го објави третиот повик за стратешки проекти за критични минерали, продолжувајќи ги напорите за поддршка на инвестициите и поефикасно издавање дозволи. Според информациите

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум
Go toTop