РК Алкалоид испушти победа против Баја Маре

March 23, 2025
1 min read

Единствениот европски претставник на Македонија, Алкалоид, го одигра четвртфиналниот натпревар против Баја Маре од Романија и на гостински терен испушти победа во самиот финиш (31-31). На овој меч, Алкалоид играше со црни траки, а беше одржано и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани.

Алкалоид поведе на стартот на мечот со 0-1, по што романскиот состав го превзема водството и на одморот замина со позитива од четири гола 20-16.

Во вториот дел Романците имаа и пет гола позитива 21-16, но Лазаров и неговите момци најдоа начин како да се вратат. За пет минути со серија од 5-0 дојдоа до второто водство на мечот од 23-24 во 47 минута.

Ова беше период во кој Алкалоид демонстрантрираше цврста одбрана, а противникот не реализираше два седмерци. Петковски, Велковски, Серафимов и Ивановски беа креатори во кам-бекот.

И тука не застанаа момците на Лазаров, во 52 минута Алкалоид дојде до плус три 24-27. Во десет минути (42 до 52 минута направија серија од 8-2).

Стојковиќ заработи две минути исклучување, а противникот со три гола во низа израмни на 27-27. Ѓорѓиев го прекина налетот на противникот 27-28, а дуелот влезе во драматична завршница. На две минути до крајот Алкалоид дојде на плус два со головите на Петров и Џонов (29-31).

Токму во овој дел Џонов заработи две минути исклучување, а домаќините го имаа последниот напад и удар од седум метри, не реализираа. По тајм-аутот на Лазаров, Алкалоид не искористи напад, а Баја Маре доби седум метри реализираа за 31-31.

Серафимов и Петковски со по 7 гола беа најефикасни во редовите на Алкалоид. Кај домашниот состав шест ракометари постигнаа по 4 погодоци.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Газа: Илјадници Палестинци бегаат од Тел ал-Султан откако Израел им нареди на жителите да се евакуираат

Следно

Трагедијата во Кочани ги разбуди и општинските инспектори: Се проверуваат и згради за домување

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop