АВМУ: Да се почитуваат највисоките професионални и етички стандарди при информирање за погребите на жртвите од пожарот во Кочани

March 19, 2025
1 min read

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.

– Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување на вознемиреноста. Во оваа насока се и барањата од жителите од Кочани кои вчера се обратија директно до Агенцијата, како и преку социјалните мрежи, со апел медиумските работници да се држат понастрана за време на погребите и да не снимаат со дронови. Медиумите да внимаваат при правењето и особено при објавувањето снимки и фотографии, со цел да им дозволат на семејствата и родителите достоинствено и со почит да се збогуваат со своите ближни, соопшти денеска АВМУ.

Регулаторното тело оценува дека генерално, деновиве медиумите покажале висок степен на професионалност.  Регистрирани се неколку случаи на емитување филмови и серии со забавна содржина, за што се доставени и претставки до Агенцијата, поради што посочуваат радиодифузерите да обрнат поголемо внимание при креирањето на програмската шема. Истовремено, нагласуваат дека важно е и класичната музика која се емитува да биде соодветна на деновите на жалост. 

АВМУ воедно апелира до медиумите да им ја пружат потребната поддршка на нивните медиумски работници кои изминативе деновиве при извршувањето на нивните работни обврски се изложени на исклучителен стрес и, со тоа, на здравствени ризици.

Агенцијата претходно испрати укажување до медиумите да го усогласат своето работење со деновите на жалост што ги прогласи Владата поради трагедијата во Кочани. Посочи да се емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката  да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложат по нивното завршување. До завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации. За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Бутел додели 1.000.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите во Кочани

Следно

Штип утре ќе се прости од загинатите во пожарот во Кочани, воведен дополнителен бесплатен автобуски превоз до градските гробишта

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop