Туркије ги осуди нападите на Израел врз Газа, повика на глобално дејствување

March 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес ги осуди најновите напади на Израел врз Газа, нагласувајќи дека масовното убивање на Палестинците означува нова фаза во, како што ја опиша, „политиката за геноцид“ на Владата на Нетанјаху, јавува Анадолу.

„Израел му пркоси на човештвото преку кршењето на меѓународното право и универзалните вредности на најтежок начин“, се вели во официјалното соопштение на турското Министерство за надворешни работи.

Во него дополнително се предупредува дека агресивните дејства на Израел ја загрозуваат регионалната стабилност во време кога се интензивираат меѓународните напори за мир.

„Агресијата што ја покажува израелската Влада ја загрозува иднината на регионот. Неприфатливо е Израел да предизвикува нова спирала на насилство“, нагласи Министерството.

Анкара ја повика меѓународната заедница да заземе цврст став против Израел, барајќи итна акција за траен прекин на огнот и испорака на хуманитарна помош во Газа.

Потврдувајќи ја позицијата на Анкара, Министерството ја истакна и непоколебливата поддршка на Туркије за палестинската кауза и посветеноста на регионалните мировни иницијативи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По деветмесечно одложување астронаутите на НАСА се враќаат дома

Следно

Албанија, Хрватска и Косово потпишаа трилатерален договор за соработка во одбраната

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop