Тошковски: Концертот се одржал „на диво“, ќе одговара секој што има директна или индиректна вина, дискотеката работела незаконски 15 години

March 17, 2025
3 mins read

Поради корупцијата и криминалот ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме. Мора да покажеме свесност и одлучност во спроведувањето на сите постапки кои сега треба да се преземат. Ќе одговара секој што има директна или индиректна вина поврзана со овој кривично-правен настан, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако ги соопшти најновите информации во врска со трагедијата во дискотеката во Кочани.

Тошковски истакна дека за целиот случај се осомничени повеќе од 22 – 23 лица. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како што рече министерот, дискотеката не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство. 

Тошковски најави дека во текот на денов, по наредба на јавен обвинител, ќе се врши претрес во домот и патничкото возило на сопственикот на дискотеката и во службените простории на книговодственото биро кај одговорносто лице, а ќе бидат приведени и голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР. При извршени претреси, пак, во дом и службени простории на две лица од Министерството за економија, напомена министерот, се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција,…

– Македонија нема систем, корупција и криминал го уништија системот. Ситуацијата е алармантна Јас ова го зборувам една година и една година со својот тим секојдневно, макотрпно се борам да создадам систем. Што и да чепнеме, каде и да копнеме е труло. Мора да преземеме радикални чекори за нормализирање на државата ако сакаме да ја имаме и го правиме тоа. Се ќе направиме што е потребно за да ја нормализираме државата. Конкретно за дискотеката, ако мене ме прашате, е штала и така функционирала 15 години, со криминал, корупција, со потплатување, со мито и незакоснки, без никакви услови, ништо не исполнувала од тоа што требало. Утврдена е катастрофа, утврден е ужас, подвлече Тошковски.

Според министерот, во текот на вчерашниот ден се приведени 13 лица во СВР Штип – сопственик на објектот на дискотеката, неформален сопственик на дискотеката, продавачот на влезници, четири лица од обезбедување, управител на агенција за обезбедување на подружница, три лица од Државен пазарен инспекторат и едно од Инспекторатот за труд, како и уште едно лице поврзано со настанот. 

Тошковски е дециден дека МВР не било известено од организаторите или кој било друг дека ќе се одржува таков настан во дискотеката во Кочани, ниту МВР, напомена, има обврска да врши постојано обезбедување пред секој угостителски објект. МВР, потенцира Тошковски, не дава ниту одобрение за одржување настани од каков било карактер и обем, туку само ја следи сосотојбата и презема активности за одржување на ред и мир ако настанот не е пријавен во надлежна полициска станица.

Согласно законските прописи, за настанот морало, но не била пријавена количината на пиротехнички средства во СВР.  

Полицискиот службеник, пак, кој беше обвинуван од дел од јавноста дека требал да го прекине концертот, влегувал и излегувал во објектот, рече Тошковски, обидувајќи се да им помогне на присутните да излезат и притоа загинал. 

-Од увидот извршен вчера, констатирани се низа неправилности во рамки на објектот што бил користен како дискотека. Дискотеката, не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чиј намена е лесна индустрија, а не угостителство. Прекршени се повеќе стандарди кои се косат со правилата за противпожарна заштита. За цел клуб имало само два ПП апарати, немало излезни врати за евакуација, коцертот бил одржан „на диво“ зашто немало писмен договор меѓу организаторот и изведувачите. Пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК и тие биле користени противзаконски, информира Тошковски.

Тој констатира дека Македонија нема систем со утврдени правила на игра норамални за превенирање ваков ужасен, немил настан.

-Има системски слабости кои не вршат правилна и потребна контрола за да се создадат предуслови за нормални ивенти, особен од ваков тип. Поради тоа, во сите дискотеки во Македонија во наредниот период ќе бидат спроведени темелни инспекциски контроли кои ќе треба да ги извадат на површина сите незаконитости и неправилности, како и системски пропусти, потенцира министерот.

Во однос на дискотеката, повтори дека правното лице немало лиценца за работа, сопственикот при контрола приложил фалсификувана лиценца од 13 март 2024 година.

На новинарско прашање дали чувствува морална одговорност и размислува за оставка, тој кажа дека на ова вчера одговорил.

-Навистина не гледам дека има некој во Македонија кој не би требало да чувствува морална одговорност за ваква работа, особено некој што вршел државна функција изминативе 30 и повеќе години. Ако има минимум доблест и морал кај некој човек, треба да чувствува морална одговорност, рече Тошковски и ги замоли медиумите да дозволат истрагата да се води темелно зашто доказите се премногу обемни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани

Следно

Евангелско-методистичката црква во Македонија изразува сочувство по трагичниот настан во Кочани

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop