Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани

March 17, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани, Северна Македонија, продолжува во Анкара, каде што беа пренесени со воен авион за натамошен третман, јавува Анадолу.

Авионот на Министерството за национална одбрана на Туркије, кој ги превезуваше повредените, слета на воениот аеродром „Етимесгут“ во 02:00 часот.

Оттаму со амбулантни возила повредените беа транспортирани до Градската болница „Билкент“ во Анкара, каде што се згрижени во Центарот за изгореници.

Според информациите од болницата, нивната здравствена состојба останува сериозна.

Во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани во 03:00 часот изутрина по локално време на 16 март, загинаа 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 се во тешка состојба.

Деветмина од повредените се пратени на лекување во Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новицки: Секогаш ќе бидам дел од Далас, но размената на Дончиќ ме многу ме погоди

Следно

Тошковски: Концертот се одржал „на диво“, ќе одговара секој што има директна или индиректна вина, дискотеката работела незаконски 15 години

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување
Go toTop