Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство

March 17, 2025
1 min read

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани  20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум Охридски“ – 21,во Клиничка болница Штип – 20,  Општата болница во Кочани седум и на Токсикологија – двајца. Има пациенти и во приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа во Србија – 17, Бугарија – 14, Турција –  девет и во Грција – четири. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници, потенцираше Клековски.

Тој нагласи дека пристигнатите во странство се стабилни. 

Клековски најави дека доцна синоќа и рано утрово ќе заминат уште осум повредени лица во странство, по четири во Хрватска и во Романија. Имало можности за префрлување повредени и во Словенија и Унгарија по четири лица и Австрија – шест лица.

Тој потсети дека во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. 

-Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапки, додаде Клековски.

Синоќа пристигнал еден тим од ВМА Белград. Се очекуваат медицински тимови и од Чешка, Израел и Белгија.

-Сите повредени се згрижени најдобро што можеме, нагласи директорот на ФЗО Клековски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милан Стојановски понуди помош за фамилиите на повредените кои се пренесени во Белград!

Следно

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Latest from Blog

Коњановски присуствуваше на изложбата „Која е супердевојката?“ во „Магаза“

Во битолската „Магаза“ денеска беше отворена самостојната изложба на Вероника Кочов, насловена „Која е супердевојката?“. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со секретарот на општината Борче Димитровски.

Коњановски: Битола ја продолжува традицијата на промоција на локалното пчеларство

На плоштадот „Магнолија“ во Битола денеска и утре се одржува манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“, посветена на промоцијата на пчеларството и локалните производители. Манифестацијата нуди можност граѓаните да се запознаат со работата

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

Вечерва, во 18:30 часот, во Mega Shopping Park во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Од 11 до 13 септември, фестивалот ќе ги обедини локалните вкусови, традицијата, виното

Општина Битола: Отворен конкурсот за највисокото општинско признание „4-ти Ноември“

Наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната
Go toTop