Обвинителството ќе бара краткотраен притвор за 10 лица за пожарот во Кочани

March 16, 2025
1 min read

Десетици пропусти се пронајдени во првите часови од увидот во дискотеката каде загинаа 59-лица. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека дел од нив се многу големи“. Краткорочен притвор ќе се бара за 10 лица.

Од Кочанскиот суд побарано било да се изврши и претрес во дом. Денеска дел од јавните обвинители извршиле и увид на лице место во дискотеката и тој траел до вечерва, а ќе продолжи утре сабајле. 

Минстерот Панче Тошковски попладнево изјави дека објектот во Кочани кој служел како дискотека, немал лиценца за работа како дискотека. Последната издадена лиценца е во март 2023та година за кабаре од министерството за економија, со важност од една година до март 2024та. По овој датум клубот Пулс не смеел да работи како дискотека. Од министерството за економија не излегоа со податок, дали после март минатата година лиценцата е обновена и за каков тип на објект. Министерот напомена дека дека дискотеката има фалсификувани лиценци со датум од 2024та година наваму. 

Приведени се 15 луѓе меѓу нив поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата. Министерството за внатрешни работи во кординација со јавното обинтиелство, има осомничено, повеке од 20 луѓе. Околу 15 се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој настан се почанти, дел се во болница.  

Тошковски информираше дека во дискотеката во Кочани имало 500 гости, а пријавени биле 250 влезници. Министерот потврди дека во дискотеката имало и малолетни лица. Според неговите информации, дваесетина од повредените се тинејџери, а тројца од починатите биле деца под 18 години. Во полицоската станица во Кочани во текот на целиот ден се носеа докази од изгорената дискотека. Загинатите 59 луѓе се од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пораз од Словенија и тешка повреда на Марко Митев

Следно

Почесниот конзул на Србија ќе ги покрие трошоците за престој на семејствата на повредените хоспитализирани во Ниш и Белград

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop