Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“

March 16, 2025
1 min read

Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски. 

– Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша Тамара Тодевска.

Антониа Гиговска, која пееше придружни вокали во една од песните на ДНК напиша: „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир, добро човече. Пеј како што си знаеше ти – најгласно, најубаво. Таму горе. Не сакам да верувам…“

– Куме мој. Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест. Кога ми ја пушти песната „Ако утре ме нема“ ти реков дека многу ми се „свиѓа“ без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина. Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш, напиша Лила Филиповска.

Пејачот Огнен Здравковски изразувајќи сочувство до семејствата напиша: Почивајте во мир драги мои другари, пријатели, колеги… Ќе се сретнеме, ќе се дружиме и ќе пееме и свириме пак заедно, таму горе на поубаво место.. Почивајте во мир, ќе фалите најмногу.. Сочувство до семејствата!

Весна Петрушевска во објава на социјалните мрежи напиша: Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, се додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели и на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време. Сара, Андреј, Џоко и Филип 

Во трагичната несреќа во Кочани животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, вонредниот проф. м-р Сара Пројковска, придружен вокал,  како и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Бугарија транспортирани осуммина од повредените во Кочани, се очекува пристигнување на уште пет лица

Следно

Мицкоски: Објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца издадена во март 2024 за МИТО!

Latest from Blog

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop