Трагедијата во Кочани главна вест во грчките медиуми

March 16, 2025
1 min read

„Трагедија во ноќен клуб во С. Македонија: 51 загинат, 118 повредени во пожар“; „Северна Македонија: Смртоносниот пожар се прошири за неколку секунди“; „Северна Македонија: 51 загинат, над 100 повредени во пожар во клуб“; „Незамислива трагедија со 51 загинат во Северна Македонија“; „51 загинат во пожар во дискотека во Северна Македонија – сочувство од Герапетритис и Мицотакис“, „Трагедија во Северна Македонија во пожар во ноќен клуб“, се само дел од насловите во грчките медиуми за трагедијата во Кочани, а пожарот од претпладнево е главна вест, како во информативните портали, така и во вестите на сите телевизии во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во претпладневните изданија на вестите, трагедијата беше првата вест, а дел од телевизиите испратија и свои новинари во Кочани, додека Грција како преку премиерот, така и преку шефот на дипломатијата, понуди помош до земјава.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, засега не постои официјално барање од наша страна за пренесување на повредени во болниците во Солун, како што објавија дел од медиумите во Грција, меѓутоа не е исклучена можноста да се случи такво нешто со оглед на тоа што подготвеност за помош изрази официјална Атина.

Медиумите во Грција објавуваат видеа од дискотеката во Кочани, ги пренесуваат официјалните информации што доаѓаат од надлежните македонски министри, како и од медиумите кај нас и коментираат дека станува збор за голема трагедија, а повеќето од загинатите млади.

МИА

-Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од огномет за време на концерт на музички бенд во дискотеката во градот со 25.000 жители. Пожарот избувнал околу 3 часот по локално време (4 часот по грчко време) во раните утрински часови поради употреба на пиротехника на концертот на кој присуствувале приближно 1.500 луѓе, при што дошло до стампедо, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

МИА

-Според официјалната новинска агенција на земјата МИА, пожарот избувнал во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани со околу 30.000 жители, за време на концертот на ДНК, хип-хоп бенд кој е многу популарен во земјава. Луѓето кои беа таму за концертот, што започна на полноќ по локално време, според истиот извор, главно се беа млади луѓе, пишува официјалниот сајт на телевизијата „Скај“.

-Членовите на бендот кои беа на сцената за концертот, кога сфатија што се случи, викна „излезете надвор, излезете надвор“, публиката почна да трча во секој правец, многумина беа прегазени и немаа време да излезат надвор, пишува информативниот портал „Прото тема“.

МИА

Весникот „Катимерини“, освен што ги пренесува информациите за пожарот, коментира дека постои стравување дека може да се зголеми бројот на загинати.

Како што претходно објави МИА, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс изрази сочувство за загубените животи и посочи дека „Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“.

МИА

Претходно, подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

Следно

Љутков: Сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно

Latest from Blog

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието. „Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи
Go toTop