МИ РЕКОА ДЕКА НЕМА ДА БИДАМ ДОБРА БАЛЕРИНА И ТОА МЕ БУТКАШЕ НАПРЕД – ПОДКАСТ СО САША ЕВТИМОВА

March 15, 2025
1 min read

Балетската уметност бара многу откажувања, многу солзи, буткања за да стигнеш до таму каде што ти е зацртано, вели балерината и кореографка Саша Евтимова во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. Евтимова, истакнатa балетскa солистка во Националната опера и балет (НОБ), годинава слави 25 години успешна уметничка дејност, но вели, реално се 35 години на сцената, бидејќи првата претстава ја имала на 10-годишна возраст, во „Зодијак“.

Подкастот можете да го гледате тука:

За тоа како поминаа 25 години, Евтимова вели: „Со многу солзи, многу работа, многу откажувања, буткања за да стигнеш до таму каде што ти  е зацртано. Навистина се буткав, иако сум денес зрела балерина, на еден начин на залез на кариера, но едноставно бев решена самата со себе дека морам да го направам тој јубилеј 25 години. Еден вид затворање на една врата, но и отворање на нови предизвици за мене како уметник“.

Талентот за балет кај неа го препознал нејзиниот тетин, театарскиот критичар Иван Ивановски, бидејќи Евтимова секој роденден одржувала дома претстави, настапувала во специјално шиени фустани. Во балетско училиште се запишала на 7 години.

„Мојата професорка Елисавета Кушовска виде потенцијал и секогаш ми зборуваше ти никогаш нема да бидеш балерина, ќе бидеш добар кореограф. Можеби тоа ‘Ти никогаш нема да бидеш балерина’, повеќе звучеше во мојата глава отколку тоа кореграф оти сакав да ѝ докажам на мојата професорка дека ќе бидам не само добра, туку одлична балерина на сцена и мислам дека сум веќе единствена од нејзината класа, покрај Мими Поп Алексова-Атанасовска која сѐ уште танцува. И покрај сите повреди, секогаш се враќам во форма и подобро од првиот пат. За кореографија, првата шанса ми ја даде професорката Кушовска на 9 или на 10 години, во првата сезона на ‘Дајте музика’. Тука имав прво кореографско искуство, да правам кореографии на познати песни во тоа време. Работев и на втората сезона“, вели Евтимова.

Додава дека нејзиниот брат, театарскиот режисер Синиша Евтимов, чии претстави се едни од најпосетуваните во македонските театри, не доаѓа на нејзините претстави, оти ѝ велел: „Ми е тешко да те гледам на сцена зашто знам што сѐ имаш поминато во својот живот за да достигнеш до таму кај што си денеска“.

Балерината во подкастот зборува и за работата во Талин, за односот со педагозите, за тоа дека ѝ е предизвик да прави претстава за деца, дека ќе прави и целосна обнова на балетот „Оревокршачка“, како и за новата претстава во Балетот, „Патување“ во кореографија на Џан Арслан.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Чупеска: Потребни се реформи, а не политички деспотизам со упад во судството 

Следно

„Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол повторно ја отвoраaт својата поетска сцена

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop