ГЛАСОТ НА ПЛАСИДО ДОМИНГО ГО ВНЕСЕ СКОПЈЕ ВО ДРУГА ДИМЕНЗИЈА, ПЕЕШЕ ДВА И ПОЛ ЧАСА

March 15, 2025
1 min read

Скопје влезе во друга димензија со гласот на оперската ѕвезда Пласидо Доминго на синоќешниот концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. 84-годишниот тенор и диригент, заедно со сопранот Марија Жозе Сири (Уругвај/Италија) и Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) под диригенство на Марчело Рота, одржаа дваиполчасовен концерт со кој ја оставија публиката без зборови.

84-годишниот Доминго, со форма, стас и глас како да е во цутот на младоста, пленеше со моќта на гласот, со мелодијата на италијанските и германските арии, со љубовта и болката на шпанските песни. Жозе Сири, која првпат настапува со Доминго му беше одлична партнерка на сцената, а исто така воодушеви и Оркестарот на НОБ под диригенство на Рота.

Сведочевме на жива легенда која со самото тоа што дојде во Скопје во 50-годишната кариера со сите светски сцени, нѐ почасти и нè стави во категорија на нормални држави, со прекрасен концерт, волшебна музика, весели лица.

Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, со над 4.400 настапи. ( Фото: Ѓ. Личовски)

„Како во некоја повисока класа да нѐ стави“,„Нѐ извади од дупка“, „Извади од нас нешто благородничко“, „Вака треба да изгледа градов“, „Грмеше салата“, се само дел од впечатоците по концертот, иако се одржа во спортска сала на пластични столчиња. Сепак, некои гледачи не ги дочекаа бисовите, па Доминго пееше, а тие брзаа да одат накај влезовите.

Одличната оперска певица Марија Жозе Сири ја воодушеви публиката. (Фото: Ѓ. Личовски)

Коцеротот го организираа „Прагма продукција“ и Националната опера и балет.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Христов : Да ги храниме економиите, а не депониите – Високите цени ја зголемија потребата од донации за храна

Следно

АХВ со акција низ магацините и ладилници за храна, одземени 50 килограми месо

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop