Пленковиќ успешно опериран поради срцева аритмија

March 15, 2025
1 min read

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ бил подложен на планиран медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово хрватската влада. Интервенцијата, која била изведена во Клиничкиот болнички центар Загреб, поминала успешно, а премиерот се чувствува добро.

-Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева аритмија. Интервенцијата беше планирана и изведена во најдобар ред, соопшти владин портпарол.

Според неофицијални информации, премиерот треба да биде отпуштен од болница во рок од 24 часа. Локалните медиуми пренесуваат дека Пленковиќ бил буден и стабилен кратко по интервенцијата, која започнала околу 19 часот и завршила два и пол часа подоцна.

Тој беше активен и во текот на денот пред операцијата – присуствуваше на свеченоста за завршување на изградбата на гасоводот Злобин-Босилјево. Според лекарите, срцевата аритмија со која се соочува не е опасна, но била потребна интервенција за да се спречат потенцијални компликации.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа

Следно

Христов : Да ги храниме економиите, а не депониите – Високите цени ја зголемија потребата од донации за храна

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop