Турска компанија разви нов симулатор за медицинска обука

March 14, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – СимКлевер (SimClever), развиен од водечката турска одбранбена и технолошка компанија ХАВЕЛСАН и нејзиниот партнер РИСЕ Технолоџи, им овозможува на медицинските обучувачи и студентите да вршат симулативна обука без ограничувања во време и простор, благодарение на неговиот пренослив и компактен дизајн, јавува Анадолу.

Симулацискиот систем нуди флексибилна и широка област на користење во едукацијата со својата структура која може да се приспособи на различните образовни средини како училници, поликлиники и консултациски простории.

Вклучува симулатори на различни медицински уреди и методи како што се симулатори за монитор на пациенти, хибридни дигитални стетоскопи, лабораториски модули, модули за радиологија, хибридни дигитални ларингоскопи, симулатори на механички вентилатори и хибридни дигитални дефибрилатори со широк спектар на сценарија и седум различни модули.

Со СимКлевер, симулаторот за медицинска обука развиен за зајакнување на клиничката компетентност на здравствениот персонал, ХАВЕЛСАН ја донесе правилната опрема и соодветните интервентни процеси во симулациска средина на клучни точки, кои се неопходни фактори во процесот на лекување на пациентите и значајни за медицинските случаи.

Системот, кој првпат е пуштен во употреба во Универзитетската болница за обука и истражување „Реџеп Таип Ердоган“ во турскиот црноморски град Ризе, успешно се користи веќе одредено време.

Широката употреба на СимКлевер во Туркије треба да ја намали зависноста од странски производи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Вардар и Шкендија ремизираа на отворањето на 24 коло

Следно

Кривичен ја преиначи првичната одлука, Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop