СО ЕМИСИЈАТА „ДОМАШНА РАБОТА“ КУЛТНОТО РАДИО КАНАЛ 103 СЕ ВРАЌА ВО ЕТЕРОТ

March 14, 2025
1 min read

После четири години од исклучувањето од етерот, култното музичко радио Канал 103, кое постои 34 години, а продолжи да работи на Интернет, емитува емисија на програмата на Македонско радио – Радио 2. „Домашна работа“, радиомагазин за современа музика и култура во продукција на Стотројка, започна да се емитува во етерот на 2 март, во 20 часот. Со времетраење од два часа, оваа радиопрограма ќе се емитува секоја недела на фреквенциите на Македонско радио – Радио 2, а истовремено и на стриминг каналите на Стотројка.

Во март 2019, најстариот и најрелевантен алтернативен медиум во земјава беше исклучен од етерот, продолжувајќи со емитување на програмата исклучиво онлајн. Агенцијата за електронски комуникации му ја зеде фреквенцијата поради неговиот нерегулиран статус – радиото три децении е неформално дел од Македонската радио-телевизија (МРТ). На 1 мај 2021, го исклучија радио-стримингот и 24 часа имаше молк. Потегот за 30-годишнината од основањето, беше знак на протест поради тоа што веќе 2 години нема фреквенција и покрај јавните ветувања на МРТВ и на Владата.

Емисијата „Домашна работа“ е прва официјална соработка, по повеќе децении, помеѓу Македонската радиотелевизија (МРТ) и Канал 103, еден од најстарите независни и алтернативни медиуми во земјата и радио на заедницата, основано 1991 во рамките на Македонското радио/Радио Скопје.

„Ова треба да биде само прв исчекор, само почеток на една континуирана соработка меѓу националниот јавен дифузер и Канал 103, која во иднина ќе се развива и продлабочува на взаемно задоволство и конечно, во интерес на граѓаните и јавното добро. Сето тоа со една конечна цел – враќање на фреквенцијата и дефинитивно легализирање на Канал 103, кој веќе 34 години е бастион на независната мисла и радио дом на културата“, велат од Стотројка.

„Домашна работа“ е радиомагазин што ја истражува и промовира македонската алтернативна и независна музичка и културна сцена. Наменета за пошироката публика со интерес за музика, култура и уметност, целта на емисијата е да им даде глас на локалните музичари, уметници и културни активисти, истовремено поттикнувајќи критичко промислување на тековните предизвици во културниот сектор.

„Една од главните цели на ‘Домашна работа’ е промовирање и развивање на сцената надвор од главниот град и придонесување кон суштинска културна децентрализација. Така, во второто издание на овој радио магазин, Стотројка го посети градот херој, по повод Прилепскиот карневал и еднодневниот фестивал ‘Прочка ебаго’ – добар пример за успешна соработка меѓу независната сцена и локалните јавни институции“, велат од Канал 103.

Во третото издание на „Домашна работа“ што ќе се емитува утре (16 март), меѓу другите содржини, ќе има интервју со македонскиот музичар и композитор Никола Коџабашија, кој веќе долги години живее и работи во Велика Британија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Притисоците врз ССМ ќе стигнат до Европската комисија

Следно

МОН со реакција на СДСМ: Веќе 8 месеци не трошиме пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop