НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА „СВЕТОТ ШТО ГО ИЗБРАВ“ НА КАЛИНА МАЛЕСКА

March 14, 2025
1 min read

Писателката Калина Малеска за делото „Светот што го избрав“ ја доби наградата Роман на годината за 2024.

„Чест ми е што многу прашања кои ги сметам за важни како што се образованието, односот кон другоста, односот кон различностите, од општествените стигми, идентитетот, принудните локации, еманципацијата и многу други теми кои ми беа важни и за кои многу размислував како да ги вообличам во еден книжевен текст, а тоа е овој роман, беа препознаени од страна на членовите на жири комисијата и од страна на другите читатели. Честа реченица која ја слушав во изминатите години е дека наградите претставуваат истовремено и обврска. Оваа реченица ја доживувам како вистинита. Поднасловот на овој роман ‘Светот што го избрав’ е ‘Си поставувам себеси стапици, за да се заштитам од своите слабости’“, рече Малеска на денешното соопштување на наградата, за романот што е издание на „Или-или“.

Според претседателката на жирито и минатогодишна лауреатка Лидија Димковска, „Светот што го избрав“ е роман што освестува, охрабрува и дава надеж за еден подобар свет што секој сам мора да реши да го избере.

„Ова е роман што апсолутно го заслужува називот Роман на годината за 2024, затоа што станува збор за извонреден, безвременски роман што ќе може да се чита и препрочитува, во сите времиња и простори. Кус, концизен, матестрално напишан, ‘Светот што го избрав’ е храбро сведоштво на женскиот лик кој поминува низ сопствените, но и низ преобразбите на светот, што го избираме дури откако сам ни наметнал избор што не само што не го оправдал туку со него ни нанел штета и тага. Личната приказна за Леона, која како средовечна жена го напушта сопругот, домот, дотогашниот живот и статус, и почнува од нула во подрумска соба среде Скопје, истовремено се преплетува со општествено критичката приказна за образовните реформи во чија комисија хонорарно соработува и Леона“, рече Димковска.

Извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“, Ѕвездан Георгиевски, рече дека годинава на конкурсот пристигнале 43 романи.

Наградата Роман на годината се доделува по 26. пат. Во најтесниот избор за наградата годинава влегоа трите романи „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски. („Антолог“). Жири-комисијата беше составена од Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј ал-Асади и Катерина Богоева.

Наградата се состои од плакета, статуетка и паричен износ од  150.000 денари (околу 2.400 евра).

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови детали за децата од „куќата на ужасот“ во Брчко, некои се родени во Рим и во Барселона

Следно

Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава

Latest from Blog

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на
Go toTop