Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40% – СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Јаневска колку го појача со тендерите од Министерство?

March 14, 2025
2 mins read

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција посочи дека откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ.

„Оваа постапка следеше откако врз основа на информации во јавноста, Антикорупциската комисија отвори постапка, а потоа и покрена иницијатива за кривично гонење.

Според јавно достапни информации компанијата Пуцко петрол со години наназад набавува различни производи како мазут, нафта, за многу градинки, училишта, болници, како и за различни државни институции.

Најголемиот скок на имотот на Пуцко петрол е во период на владеење на Зоран Заев, со влада во која министер за здравство е Венко Филипче.

Или, тоа е влада на ДУИ со малцински партнер СДС.

Токму во тој период, според јавно достапни информации, Пуцко петрол во 2021 година имала вкупни приходи од 48 милиони и 133 илјади евра, што е за 40 проценти повеќе во однос на 2020 година.

Овој процес започнува во 2018 година или по неполна година од заедничкото владеење на СДС и ДУИ.

Па така само за еден месец, поточно декември 2018 година, Пуцко петрол добива тендери во вредност од околу 3,2 милиони евра, од кои 2,8 милиони евра е оној за Македонски железници транспорт, претпријатие коешто важи за најдолжно и кое едвај заживува.

Ако само за еден месец во периодот на владеење на Заев и Филипче, Пуцко петрол добива тендери поголеми од три милиони евра можете да замислите колку добивала за една година. И кога на сето ова ќе го додадете податокот дека вредноста на компанијата се зголемува 40 проценти повеќе во 2021 од 2020 година логичен е заклучокот дека компанијата од Пласница добивала работа од најголем дел државни органи со кои раководеле кадри на ДУИ, а одлично и одела соработката и со институциите кои биле под водство на СДС.

Поради ваквото владеење на Заев заедно со Филипче излегуваат на виделина огромни последици по државниот буџет и парите на граѓаните. Дојде време да се одговара за вакви бизниси на грбот на народот“, вели Стојаноски.

На ова веднаш вратија од СДСМ од каде велат да ја праша Весна Јаневска колку го појачала профитот на Пуцко Петрол со тендерите од Министерство.

„Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ?

Го пуштаат да излегува на прес конференции и да зборува за профитот на Пуцко Петрол додека институции и општини раководени од ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија.

Еве само еден од тие 170 договори на ДПМНЕ со Пуцко Петрол:

Министерството за образование и наука, потпишан од Весна Јаневска од ДПМНЕ, склучен на 31.12.2024 година со Пуцко Петрол тежок 2.500.000 денари или 40.000 илјади евра.

Не навлегуваме во внатрешните игри на ДПМНЕ, но еве нека види Бојан Стојановски за колку го има појачано профитот на Пуцко Петрол Весна Јаневска и нека одговори: 

Колку пари на граѓаните завршија кај Пуцко Петров благодарение на ДПМНЕ и нивните градоначалници, министри, директори на институции?“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕВН заработува 2 милиони евра годишно од паушално пресметани сметки, тврди Здружението на инженери

Следно

Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки

Latest from Blog

Реал Мадрид оди на шопинг во Милан

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Ернандез. Реал Мадрид се очекува престојното лето да се засили на двете бековски позиции. На денеската бековска позиција

Во Австралија се одржуваат парламентарни избори

АНКАРА (АА) – Федералните избори во Австралија се во тек, милиони луѓе гласаат низ целата земја, а се очекува тешка трка меѓу владејачката централно-левичарска Лабуристичка партија и опозициската централно-десничарска Либерално-национална коалиција, јавува

Голема трагедија во прилепско: Во несреќа загина 13-годишник!

На 02.05.2025 година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а

Три лица осомничени за кражба од казино во Бутел: Одземени над 1,4 милиони денари

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле украдени 1.460.856 денари. Основното јавно обвинителство во Скопје денеска соопшти дека во текот на предистражната постапка обезбедени се докази

Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Москва е одговорна за безбедноста на светските лидери што ќе ја посетат Русија за големите комеморации по повод Втората светска војна планирани следната недела. „Нашиот
Go toTop