ЕВН заработува 2 милиони евра годишно од паушално пресметани сметки, тврди Здружението на инженери

March 14, 2025
1 min read

Здружението на инженери поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со барање за измени во правилата за снабдување со струја, посочувајќи дека паушалното одредување на потрошувачката носи неправедно високи сметки за граѓаните и дополнителна заработка за ЕВН.

Според нивните пресметки, со ваквиот систем, ЕВН годишно инкасира околу 2 милиони евра само од паушалното пресметување на потрошената електрична енергија.

Со воведувањето на блок-тарифите во 2022 година, РКЕ наложи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Меѓутоа, инженерите укажуваат дека во пракса често се применува паушално пресметување на потрошувачката, што може да ги внесе домаќинствата во повисоки ценовни блокови, со што нивните сметки стануваат значително повисоки.

„При само ±10% пречекорување на потрошувачката на годишно ниво, корисниците можат да бидат ставени во поскап блок, што значи значителни дополнителни трошоци, и тоа без реална основа“, велат од Здружението на инженери.

Според податоците, во Македонија има 598.632 домаќинства, а ЕВН користи 915.492 броила. Ако 15% од броилата подлежат на паушално пресметување, а 80% од домаќинствата најчесто се во вториот ценовен блок, тогаш дополнителната годишна заработувачка на ЕВН од овој метод може да достигне околу 2 милиони евра.

Инженерите бараат:
-Месечно наместо квартално отчитување на броилата, како што важи за другите категории во тарифниот систем.
-Доколку броилото не биде отчитано, ЕВН да издаде фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а реалната потрошувачка да се фактурира откако ќе се изврши точно отчитување.

„Со овие измени ќе се елиминираат неправедните наплати и ќе се спречи неоправданата заработувачка на ЕВН“, порачуваат од Здружението.

Сега останува на РКЕ да одговори дали ќе ги прифати овие барања и ќе стави крај на овој модел на наплата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог-извештајот на ЕП за земјава следната недела пред членовите на АФЕТ

Следно

Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40% – СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Јаневска колку го појача со тендерите од Министерство?

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop