Во притвор, со ментална попреченост – роднините бараат правда за Бесијан Нухији

March 13, 2025
1 min read

Се собраа на протест пред судот во Тетово.

Роднините и соселаните ја сметаат неправедна одлуката за притвор на Бесијан Нухији за кого велат дека е со ментална попреченост и дека за тоа има потврда од лекар.

Како мајка сакам мојот син да биде слободен, а не некој невин да остане во затвор и некој што го претепал неговиот син и му нанел сериозни проблеми да се ослободи. Моето дете не беше дете што прави проблеми, дијагнозата ја имаше од мали нозе, не знае да чита и има проблеми со концентрацијата. Ова е неправда, тука нема правда. Катастрофа, рацете му се здрвени,  пуштил брада, два месеци му порасна косата, трет месец,  каква е оваа правда, каква е ситуацијата овде?!“, вели мајката на Бесијан.

Вештачењето стигна, го напишаа, го виделе во притворот и виделе дека е со дијагноза, Ф79 ментална попреченост“, вели братот на Бесијан.

Еден соселанец кој беше на протестите ни рече дека цело село ја знае состојбата на Бесијан, дека е мирно момче, љубезно и никому не му наштетува.

Но, што направи правдата? Затворија ментално болен човек кој нема ни разум да ја разбере казната што му ја изрекуваат. Правните вештачења јасно кажаа дека не може да ја разбере правната одговорност, но повторно судот и обвинителството го игнорираа ова и решија да го задржат во затвор. Ова не е правда, ова е чиста неправда се додека криминалците се на слобода, додека невини и ментално болни луѓе се затвораат поради расипаниот систем“, вели Венхар Кадрија.

37-годишниот Бесијан од тетовско Желино е задржан во притвор над 2 месеци под обвинение за самозадоволување во присуство на малолетно лице. Пријавата на 3 јануари во СВР-Тетово ја поднел таткото на малолетникот, кој изјавил дека претходната вечер Б.Н.  сакал да има сексуални односи со неговиот 11 годишен син. Роднините покажувајќи ја оваа фотографија тврдат дека пријавувачот го тепал Бесијан.

За случајот ТВ21 праша и во тетовскиот суд дали ја земале предвид дијагнозата и кој судија го донел решението, но одговор не добивме. Од обвинителството дознаваме дека побарале укинување на мерката притвор, но тоа не било прифатено од судијата. Телевизија 21 дознава дека врз основа на невро-психијатриско вештачење, обвинетиот е оценет како лице со  „битно намалена пресметливост“.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тошковски на одбележување 44 години САЕ Тигар: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

Следно

Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop