Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

March 13, 2025
1 min read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ вели дека загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи.

-Кај опозицијата секогаш ќе има дилема што и да направиме ние, и јас не очекувам дека опозицијата ќе излезе со поддршка за чекорите кои што ги прави ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги прави македонската влада.

Нивната загриженост се темели на лицемерие затоа што ако до вчера се сеќавате кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон, во името на тоа да се претстават дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. И како тоа вистинското прашање е сега наеднаш тој наш стратешки партнер во суштина и не е наш стратешки партнер, и како тоа наеднаш сите ние кои до вчера бевме обвинувани дека сме заедно со Русија, дека сме поисточни, иако во животот никогаш не сме биле поисточно од Бугарија итн., станавме стратешки партнери на САД и тоа не чини, дециден е Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во притвор, со ментална попреченост – роднините бараат правда за Бесијан Нухији

Следно

„ЕУ е подготвена за можни дополнителни царини од САД“

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop