Црниот биланс на македонските патишта продолжува да расте, страотните сцени на патиштата се се почести

March 13, 2025
1 min read

И покрај засилените полициски контроли црн сообраќаен биланс на македонските патишта.11 сообраќајки со 11 повредени во охридскиот регион за месец февруари. И март стартуваше со црна статистика.

На осми загина млад моторциклист, пред два дена на магистралниот пат Кичево Охрид беше уапсен возач кој со 1,53 промили алкохол во крвта го управувал возилото. Истиот ден во охридското село Велгошти во сообраќајка со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетници кои управувале мопед. Полицискиот билтен информира и за излетани возила од коловозот и сообраќајки со фатален исход за само една недела. Причината секогаш е неприлагодена брзина, користење телефон при возење и конзумирање алкохол.

Димоски вели дека следниот период контролите во регионот ќе бидат поинтензивни и во градските средини и надвор од нив. Граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила.

Како црни точки во регионот каде се случуваат најголем дел од несреќите се патните правци Охрид Кичево и Охрид-Св.Наум. Статистиката  за минатата година евидентирача 280 сообраќајки со пет жртви  во охридско-струшкиот регион. За разлика од 2023 година бројката на сообраќајни незгоди се намалила за 20, но бројот на жртвите се зголемил.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турска делегација, на чело со министерот Фидан, пристигна во сирискиот главен град Дамаск

Следно

Изборни турбуленции во Бугарија

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop