„СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра“

March 13, 2025
1 min read

СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат процесите и правдата. Мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДС и ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут. Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити како Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра. Корумпираните судиите и обвинителите работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат: „Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее“.

-Време е да се стави крај на системската корупција и организираниот криминал и секој функционер којшто сторил криминал да одговара. Спрегата помеѓу правосудството, СДС, и  ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат. Времето на криминалци во политиката заврши, посочуваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борбата на „Мајка Тереза“ продолжува и по затворањето на гласањето – обид за поништување на изборите?!

Следно

Американскиот министер за трговија Лутник вели дека Канада треба да стане „51. држава“

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop