Митева: Последните инсталирани кадри на СДСМ и ДУИ во правосудството видоа дека сме сериозни во намерата и почнаа жестоко да се бранат, ќе продолжиме да бараме одговорност

March 12, 2025
3 mins read

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата гостуваше во емисијата ,,За или против“ што се емитува на телевизија Алфа и истакна дека ќе продолжат да бараат одговорност од членовите на Судскиот совет преку дебата и интерпелации, нагласувајќи дека независноста на судската власт не значи имунитет од контрола. Таа исто така ја пофали постапката на пратениците за интерпелации и потсети на неправилностите од страна на претходната власт, при менувањето на позициите. Митева заклучи дека жестоката одбрана од членовите на Судскиот совет нема да донесе позитивен резултат и дека јавната доверба во правосудството е многу ниска.

„Се трудат од сите аспекти да најдат и можеби најминимален аргумент кој што некому ќе му звучи правно поткрепен да го искористат, но забораваат на тоа дека секој носител на јавната функција треба да има една морална и етична вертикала во себе. И ако ова претставува еден вид на политички прогон, ако тие така го сметаат, тогаш што претставува 2% доверба? Што претставуваат судиите и јавните обвинители кои што беа фатени во криминал? Што покажуваат нивните извештаи кои што ги доставуваат до Собранието од година во година, каде што ние гледаме намален интензитет на работа на Судскиот совет? Што покажува нивното делегитимирање сега, после оваа интерпелација, и како истите тие ќе имаат можност и ќе имаат авторитет пред останатите судии да воведуваат некој ред или владеење во рамки на законите во самите судови? Сите овие прашања се добро образложени, сите овие прашања се добро познати на јавноста. Тие ќе се трудат макотрпно да ги задржат тие позиции затоа што се свесни дека без тие позиции ќе ја немаат моќта која што ја имаат во овој момент, свесни се дека СДСМ и ДУИ повеќе не се на власт, свесни се дека едноставно состојбите повеќе не се “како до сега“ и нема да бидат како до сега“, вели Митева.

Митева истакна дека ќе продолжат да се борат за да членовите на Судскиот совет поднесат оставки преку достапните инструменти, нагласувајќи дека независноста на судската власт не значи имунитет од контрола и дека треба да се штитат јавните личности кои постапиле спротивно на законите.

„Едноставно, ќе се борат и понатаму. Тие се, би кажала, можеби последните инсталирани кадри на СДСМ и ДУИ кои што ќе се потрудиме преку дебата, преку сите инструменти кои што ги имаме, еден од нив е интерпелацијата, да покажеме дека навистина сакаме овие лица да поднесат оставки. Ќе кажат дека ова е некој притисок кон судската власт, јас тука само би кажала дека независноста не го дава имунитетот од контрола и надзор кој што Собранието ја има врз носителите на јавните функции. Таа независност не значи имунитет од неспроведување на правото, таа независност не значи вие да не постапувате, таа независност не треба да значи дека треба да ги штитите политичките фигури кои што направиле криминал или кои што постапиле спротивно на законите“, истакна Митева.

Митева истакна дека постапката на пратениците за интерпелации беше пример за одговорност и потсети дека минатата власт ги менуваше позициите без да ги почитува роковите и мандатите.

„Мислам дека им беше еден очаен обид да ги заштитат овие позиции, но со тек на времето ние ќе продолжиме да говориме, ќе продолжиме да бараме одговорност, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Прво, ценам дека целата постапка која што беше направена од самите пратеници кои што го почитуваат и деловникот на Собранието, го почитуваат и Уставот и законите, победувањето на интерпелациите кое што беше во согласност со законските одредби беше еден чин на покажување на друга одговорност која што ја чувствуваме во рамки на постапувањето. Јас ќе ги потсетам граѓаните дека во минатото со една одлука на влада се менуваа позиции низ целата држава, дури не се ни почитуваше рокот, ни мандатот итн.“, изјави Митева.

Митева истакна дека членовите на Судскиот совет не очекувале толку сериозен одговор, и откако виделе дека процедурите се правилно следени и запазени, започнале да се бранат жестоко, заклучувајќи дека правосудството и Судскиот совет не уживаат висока јавна доверба и дека ќе мораат да се освестат за ситуацијата.

„Некако очекуваа дека ќе постапиме како нив и дека формално, правно ќе биде неуспешна процедура, кога видоа дека процедурално, формално, правно се запазени сите процедури, кога видоа дека навистина сме сериозни во намерата, а тогаш почнаа жестоко да се бранат. На самиот почеток калкулираа, чекаа да видат какви ќе бидат состојбите, беа поблаги, би кажала, во сопствените изјави, за на крајот да резултираат со политички говори од собраниската говорница. Не сметам дека покажувањето на сила или моќ пред пратениците ќе им донесе нешто позитивно. Напротив, мислам дека доколку сега би имале било каква анкета за јавното мислење во однос на правосудството или пак на Судскиот совет, тоа би било и под 2%. Па да видиме дали можеби тогаш ќе се освестат и ќе се запрашаат каде се и што направиле и зошто дозволиле да дојдеме до оваа состојба“, заклучи Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

Следно

Пратениците пак, се фатија за етичкиот кодекс, Гаши вика „Собранието стана срамна сцена“

Latest from Blog

Патрик Винцек објави крај на ракометната кариера

Легендарниот германски ракометар Патрик Винцек денеска го објави своето збогување од овој спорт, по серијата проблеми со повреди што ги имаше овој специјалист за одбрана во последните години. Винцек се поретко можеше

Албанската министерка Балуку: Мора да одговорите, да ја завршите домашната задача и да го изградите Коридорот 8

Албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, имаше ексклузивно интервју за ТВ21 пред тунелот Муриз, кој се очекува да биде отворен утре, 14 март 2025 година. Зборувајќи за важноста на овој

Андоновска во 24 анализа: Жртвата ја повлекува пријавата за насилство кога нема кој да застане зад неа

Обвинителката во Јавното обвинителство Скопје, Спасенка Андоновска во 24 анализа рече дека кога жртвата ќе се одлучи да пријави насилство потребно е да и се даде сигурност и заштита. Според неа, ваквите

Руте до Трамп: „НАТО треба да произведе повеќе оружје“

ВАШИНГТОН (АА) – НАТО треба да произведе поголеми количини оружје, рече денес генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јавува Анадолу.

Ласовска: Очекуваме да си дадат оставка членовите на Судски совет, со тоа да покажат дека ја разбираат недовербата на органот кој ги избрал

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека очекуваат членовите на Судски совет на кои им беше изгласана недоверба да си поднесат оставки. Како што вели, со
Go toTop