БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан

March 12, 2025
1 min read

Според Германската разузнавачка служба (БНД) коронавирусот, што пред пет години се прошири низ светот и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.

– БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, објавија германски и швајцарски медиуми.

БНД уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“. Резултатите од истражувањето на БНД ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, го спречила објавувањето на овие податоци, а истото го направил и нејзиниот наследник Олаф Шолц.

Портпаролката на германската Влада денеска одби да ги коментира медиумските написи, со образложение дека Владата не ја коментира јавно работата на тајните служби.

Швајцарскиот весник „Ноје цуерихер цајтунг“ (Neue Zuericher Zeitung) објави дека податоците со кои располага БНД биле дадени на вештачење на група научници. Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно сè уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Според експертите недостасува „конечниот доказ“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животинските фарми на луѓето.

– Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот е од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажувала тоа, наведе еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Условна казна за Бесија Иљази, поранешната економска директорка на Токсикологија

Следно

АНАЛИЗА: „Билатерални стратешки партнерства додека се чека на ЕУ“

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop