Кабинет на Андоновски: Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија, а во монтирани процеси се жигосуваа луѓе и се изложуваа на јавен линч

March 12, 2025
1 min read

Кабинетот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека ја поздравува одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да ги разгледа, како што наведуваат „сите наводи – и лажните на СДСМ и фактите кои ќе ги достават веднаш штом бидат побарани од Министерството“.

– Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија во оваа држава, и кога во монтирани процеси без докази, се жигосуваа луѓе и се изложуваа на јавен линч. Јавноста не е со кратка меморија за каква што ја смета Кузеска и СДСМ. Свежи се сеќавањата за грабежот и безредието од владеењето, кога тогашната Власт имаше свои омилени фирми на тендерите, и оние кои се склучуваа во 4 очи во АД ЕЛЕМ, МВР, Министерство за одбрана и ФИТР. Долга е листата на коруптивни скандали кога е во прашање владеењето на СДС со ДУИ, криминалот со јавните набавки е знак за распознавање на ова дуо. Тоа е причината за расфрлањето со лаги, за да се покрие откривањето нови случаи во ФИТР, но и во Управата за матична евиденција. Што се однесува на случајот со јавната набавка во МДТ, СДСМ веќе трет ден се обидува да ја манипулира македонската јавност. Убедени сме во законитоста на постапките и стоиме на располагање на сите надлежни за целосно расчистување на случајот со информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки, за што повика и министерот на прес конференцијата, стои во соопштението од кабинетот на Андоновски.

Посочуваат дека јавните набавки во Министерството се прават на начин кој заштедува и до 40% од средствата на граѓаните, во постапки за кои нема жалба затоа што се водат законски, транспарентно и отворено.

– Во понатамошниот период нема да го коментираме овој случај, за да се остави простор и објективност на ДКСК и другите институции во постапувањето и за да се избегне било каков потенцијал за влијание. Кога ќе се потврди дека министерот Андоновски нема никаква вмешаност во криминал, корупција или судир на интереси, како што набедува и клевети СДСМ, Богданка Кузевска и нејзината партија треба да бидат подготвени за пријави за клевета и навреда, наведуваат од кабинето на министерот за дигитална трансформација

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нотарот ги најде адресите, но не и поштарот – како завршија 4 илјади тетовски домаќинства на присилна наплата

Следно

Зеленски: Украина „нема да си игра“ со наративи дека не сака крај на војната

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop