СДС и ДУИ го бранат криминалот – 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

March 12, 2025
1 min read

СДС и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил Јахоски, за кој има основано сомнение дека е дел од оваа шема, добива само одземен пасош. Нема вистинска истрага, нема вистинска правда – само заштита за блиските на врвот на СДС и ДУИ. Кој се штити со оваа одлука? Во истата мрежа се бизнис партнери на внукот на Али Ахмети, луѓе од највисоките ешалони на ДУИ и СДС. Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух, криминалните елити на овие партии се богатат од трговија со опасни супстанции, посочуваат од владејачката партија.

„Но, најголемиот скандал е бегството на Васко Ковачевски, екс-директорот на ЕСМ и долгогодишен човек на СДС. Наместо да одговара пред институциите, тој денес е во бегство, додека неговите покровители од власта прават сè за да го заштитат.

Ова е класична приказна на СДС и ДУИ – корупција, криминал, бегство од одговорност и комплетна злоупотреба на институциите. Граѓаните не забораваат. Одговорност мора да има, а вистинската правда ќе дојде многу скоро“ – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе сведочи Велибор Манев

Следно

155 заложници се ослободени, 27 осомничени милитанти убиени во нападот на воз во Пакистан

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop