155 заложници се ослободени, 27 осомничени милитанти убиени во нападот на воз во Пакистан

March 12, 2025
1 min read

КАРАЧИ (АА) – Пакистанските безбедносни сили соопштија дека ослободиле 155 заложници, додека 27 осомничени милитанти биле убиени за време на безбедносната операција што продолжи денес за ослободување на патниците кои беа држени како заложници по нападот врз воз во југозападната провинција Белуџистан, јавува Анадолу.

Локалните милитанти на забранетата Белуџистанската ослободителна армија тврдат дека држат уште 214 патници како заложници откако во вторникот нападнале воз во ридско подрачје на оддалечениот округ Болан во Белуџистан.

Безбедносните сили соопштија дека досега успеале да ослободат 155 заложници, меѓу кои жени и деца, додека операцијата за ослободување на преостанатите патници сѐ уште е во тек.

Непотврдени извештаи сугерираат дека најмалку 10 патници, вклучително и машиновозачот, биле убиени во нападот.

Нема официјални информации за жртвите.

Според безбедносни извори, неколку милитанти носат елеци со експлозив и зазеле позиции во близина на заложниците, што ги принудува војниците да бидат особено внимателни при изведување на операцијата.

БЛА и неколку други групи долго време изведуваат напади врз безбедносните сили и граѓаните од други провинции.

Тие се борат за ослободување на Белуџистан, тврдејќи дека регионот бил насилно приклучен кон Пакистан на крајот на британската колонијална власт во обединета Индија во 1947 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДС и ДУИ го бранат криминалот – 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Следно

Ван Дајк: Судбината беше во наши раце по резултатот во Париз

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop