За криминалот со штетно гориво и перење пари приведени се 11 луѓе

March 11, 2025
1 min read

Во координирана полициска акција по наредба на Обвинителството за организиран криминал, приведени се 11 лица, едно е во бегство, а едно веќе издржува притвор за друго дело. Тие се осомничени за набавка на неквалитетен мазут и перење на пари.

Според информациите, меѓу осомничените се сопственици на нафтени компании и поранешен директор на ЕСМ, кои, покрај финансиските злоупотреби, набавувале горива со високо ниво на штетни материи. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамки на истрагата биле извршени претреси во Скопје, Битола и Кичево, при што биле запленети над 1.500 парчиња муниција и огнено оружје.

Обвинителството поднесе кривични пријави против 13 лица и една компанија од Скопје. Според владиниот коалициски партнер Влен, преку фиктивни договори и фактури биле испумпани 160 милиони евра од државниот буџет.

Според медиумските извештаи, меѓу уапсените се сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, како и сопствениците на компанијата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Јахоски е син на поранешниот градоначалник на Пласница и актуелен пратеник Исмаил Јахоски. Пуцко Петрол, една од водечките нафтени компании во земјата, има 12 бензински пумпи и значајно учество на пазарот.

Само во 2024 година, компанијата склучила 300 договори за јавни набавки на горива во вредност од 46 милиони евра. Нејзините годишни приходи бележат раст од 48 милиони евра во 2021 година на 66 милиони евра во 2023 година.

Осомничените не се ограничени само на нафтениот сектор. Пуцко Петрол има значителни градежни инвестиции, вклучително и проектот за висококатници во Карпош, каде што за 24 милиони евра купи парцела од 40.000 квадратни метри. Компанијата, исто така, преку спорен договор со Државна лотарија, изнајмува деловен простор за 2,6 милиони евра, што е предмет на истрага на Обвинителството и Финансиската полиција.

Антикорупциската комисија утврди дека Пуцко Петрол стекнала имот вреден 5 милиони евра за само 337.000 евра, оштетувајќи го буџетот за 4,6 милиони евра. И покрај ваквите наоди, засега нема санкции за инволвираните.

Компанијата РКМ, која исто така е под истрага, во 2021 година увезувала неквалитетно масло за греење кое завршувало во македонските болници. По медиумските извештаи, беа спроведени инспекциски контроли кои утврдија неправилности.

Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат нови детали за овој случај, кој разоткрива мрежа на економски криминал поврзан со јавните набавки и злоупотреба на службени позиции.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

Следно

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Latest from Blog

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Go toTop