Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

March 11, 2025
1 min read

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за  2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која се обрати на отворање на Конференцијата посветена на Фискалното управување на ЕУ и  улогата на Фискалниот совет, во организација на Фискалниот совет.

Таа додаде дека со Буџетот за 2025 година тој тренд на фискална консолидација продолжува и дека патоказот за постигнување на фискална консолидација е Законот за буџети, со кој се утврдени и фискални правила.

Министерката при тоа потсети дека во 2024 година отстапувањето од фискалните правила е поради недоволно обезбедени средства за обврски кои биле преземени од претходната Влада, како и доспеани и неплатени обврски  кои беа сервисирани преку Ребаланс на Буџетот.

„Во 2025 година, како што наведе, отстапувањето од ова правило е во функција на развојот и реализација на инвестициите, како што се Коридор 8 и 10 (0,8% од БДП), локални инфаструктурни проекти (0,6% од БДП) и инвестиции во одбраната (0,5% од БДП)“, истакна министерката.

Таа потенцира дека се работи на реформите во јавните финансии, донесени се повеќе подзаконски акти, покрај Законот за буџети, и дека во спроведување на тие реформи важна улога има и Фискалниот совет, со кој има воспоставена континуирана соработка, а кој како независна институција обезбедува независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, буџетот, извештаите за реализација на буџетот, фискалните ризици и слично кои можат да имаат придонес при креирањето на политиките.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За криминалот со штетно гориво и перење пари приведени се 11 луѓе

Следно

Димитриеска Кочоска: Позабрзано пристапуваме кон фискална консолидација од тоа што беше планирано во 2024 година

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop