Спасовски во 24 анализа: Ние сме против интерпелацијата, тоа е школски пример за упад на уставниот поредок на државата

March 10, 2025
1 min read

Оливер Спасовски од СДСМ во 24 анализа рече дека интерпелацијата на членовите на Судскиот совет не претставува реформа туку упад на уставниот поредок во кој, како што објасни, законодавната власт се наметнува врз судската. Тој објасни дека СДСМ е против интерпелацијата.

„Се тоа што сака да прикаже власта како некаква реформа која започнува со инетрпелација на членовите на Судски совет не претставува ништо друго  туку упад на тој уставен проедок во кој законодавната власт се наметнува врз судската власт и треба да има реформи. Тие не започнуваат со интерпелација на 5 члена од кои 13 се вкупно, вие имате интерпелација за 5 членови а оставате 8 членови внатре. Овде не може да стане збор за никаква реформа и еден од приоритетите е и законот за Судски совет и сметам дека ако сакаме  реформи Владата мора да излезе со план и да видиме кој е планот и што треба да се промени во таа реформа. Ние кажавме јасно подадовме рака на власта во однос на спроевдување на сериозни реформи но ова е жесток упад кој се нема случено во однос законодавна на судската власт“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека ставот на СДСМ е јасен и нема да ја поддржат интерпелацијата.

„Ние го кажавме нашиот став и сме против интерпелацијата бидејќи сметаме дека ова е школски пример за упад на уставниот проедок на државата. Нема да се променат нештата. Очекуваме Владата да понуди план и ние сме подготвени да разговараме и да змеме одговорност заедно со Владата“, додаде Спасовски.

Тој зборуваше и дека потреба е системска а не персонална промена.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Депонијата во Липково и натаму гори – чадот и лошата миризба го загрозуваат здравјето на жителите

Следно

Смит: Не ми е гајле што прави Јокиќ, не ја заслужува МВП наградата

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop