Милошоски: Македонија може да ги задржи силните односи со ЕУ и да ја продлабочи соработката со САД

March 10, 2025
3 mins read

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во дневникот на Сител истакна дека евроатлантското сојузништво не е општа дилема помеѓу Европа и Америка и Македонија треба да ја одржи балансираната политика, задржувајќи силни економски врски со ЕУ, додека ја продлабочува соработката со САД.

„Тоа беше симболичен повик за да се упати една порака до јавноста, особено до политичката јавност, и конкретно еве до поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, дека евроатлантското сојузништво е поврзано со многу нишки. Може да има апсурдни разлики, но површна дилема дали си за Европа или си за Америка, или обратно, ако си за Америка тогаш си против ЕУ. Напротив, сметам дека Македонија има многу добра позиција да ги задржи своите силни економски партнерски односи со ЕУ, а истовремено да го продлабочува стратешкото партнерство со САД. Особено во моменти кога гледаме дека државното раководство, премиерот, министерот за надворешни работи навистина се трудат да го продлабочат тој капацитет за македонско-американска соработка и на лична основа“, рече Милошоски.

Според Милошоски, Македонија направи правилен избор со поддршка на резолуцијата која помина во Советот за безбедност на ОН, истовремено покажувајќи поддршка за мир по три години војна, што е во интерес на Украина и Европа.

,,Според мене, заземавме страна и направивме правилен избор бидејќи проценката на македонската дипломатија била позитивна заради самиот исход на оваа резолуција. Оваа резолуција имаше позитивен исход и го помина филтерот на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде што членуваат Франција, Британија со право на вето, а како непостојани земји членки се Грција, Словенија и Данска. Сите гласаа воздржано кога оваа резолуција помина во Советот за безбедност, што значи дека Македонија направила успешен потег. На крајот на краиштата, ние сме за постигнување мир по три години војна, во интерес на Украина, во интерес на целиот европски континент и во интерес на давање шанса на дипломатијата“, изјави Милошоски.

Милошоски смета дека соработката со САД може да се збогати, особено на економски, енергетски и безбедносен план, со посебен фокус на директни инвестиции и стратегиски партнерства.

,,Сметам дека и тоа очекување може да се калкулира, но сметам дека лепезата на соработка на билатерално ниво може да биде многу поширока од она што сме го добиле како одреден брифинг во тие средби со дел од нашето раководство на државата и дел од раководството на САД. Очекуваме во следниот период да се збогати соработката на нивото на економија, стратешки директни инвестиции, инвестиции во енергетиката и соработката на нивото на безбедноста и развојот и на тој сектор“, прецизираше Милошоски.

Милошоски ги пофали напорите на премиерот и министерот за надворешни работи да ги решат прашањата со Бугарија и ЕУ, и изрази очекувања дека САД ќе останат поддржувачи на проширувањето на ЕУ.

,, Тука и премиерот и министерот за надворешни работи прават добри потези и сериозни напори да има придвижување и на тој план, но не би сакал ниту ценам дека е соодветно да се откриваат одредени тактички потези што се влечат во таа насока за да може да се постигне подобар успех. Секако дека Македонија очекува САД да останат конзистентни на ставот дека проширувањето на ЕУ во целина како проект е нивен приоритет, како што бил наназад во изминатите 25 години“, објасни Милошоски.

Милошоски нагласи дека Македонија и Унгарија имаат слични позиции во однос на ЕУ и САД, со што се потврдува традиционалната блискост помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Виктор Орбан.
,,Нашите позиции во однос на САД и ЕУ се слични со позициите кои ги има Унгарија во моментов. Имавме и неодамна заедничка конференција, јасно е дека се блиски односите и може да се каже традиционално, и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Виктор Орбан, што може Унгарија да направи за да ни помогне во спорот кој што го имаме,“ вели Милошоски.

Милошоски ги нагласи напорите на Македонија за активна и присутна надворешна политика, која ќе донесе економски, безбедносни и трговски бенефити, со посебен акцент на билатерални и меѓународни односи.

„Македонската надворешна политика секаде каде што има прилика, без разлика дали е тоа во Вашингтон, дали е во Будимпешта, дали е во Анкара, или во Берлин на средбата со канцеларот Шолц, или во Белград, или е во Приштина, или е во Брисел, води политика која што ќе има корист за Република Македонија на економски план, на меѓународен план, на безбедносен, на трговски, на економска размена, на инвестиции и секаде каде што ќе се отвори шанса, ќе бидеме активни и присутни, и сметам дека тоа е за поздравување што го прави владата, таквиот напор и на билатерално и на меѓународно ниво,“ истакна Милошоски.

Милошоски укажа на примерот на ЕУ и некои земји членки кои се воздржале при гласањето за воена помош за Украина, и додаде дека клучни земји за одлуките на ЕУ се Франција, Германија и Полска.

„Тоа што ЕУ може да го направи или некои земји членки е тоа што го направија во случајот со доделувањето воена помош на Украина, кога имаше земји членки кои беа против, но беше издејствувано условно кажано, конструктивна апстиненција, за да се донесе одлуката. Но сепак тоа најмногу зависи од моторот на ЕУ, тоа е Франција и Германија, и тука не би ја потценил и Полска,“ истакна Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар на непристапен терен меѓу селата Моштица и Саса

Следно

Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop