„Нема да успеат израелските закани за продолжување на војната во Газа“, истакна Хамас

March 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинското движење на отпорот Хамас денес изјави дека израелските закани за продолжување на војната во Газа „нема да успеат“, јавува Анадолу.

„Го потврдуваме нашето целосно придржување кон договорот за примирје и спроведување на постигнатото“, се вели во соопштението на Хамас.

„Подготвени сме веднаш да започнеме преговори за втората фаза“, се вели во соопштението.

„(Израелската) окупација продолжува да го поништува договорот и одбива да ја започне втората фаза, што ги открива нејзините намери за избегнување и одолговлекување“, се додава.

Првата шестнеделна фаза од договорот за примирје и размена на заробеници заврши на почетокот на март, при што Израел не се согласи да премине во втората фаза или целосно да ја прекине војната.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху настојува да ја продолжи првата фаза од размената на заробеници за да обезбеди ослободување на повеќе израелски заложници без да ги исполни воените или хуманитарните обврски предвидени со договорот, со цел да ги задоволи тврдокорните елементи во својата Влада.

Хамас, сепак, го отфрла овој пристап и инсистира Израел да се придржува кон условите на примирјето, повикувајќи ги посредниците да извршат притисок за итни преговори за втората фаза, во која е предвидено целосно повлекување на израелските сили и ставање крај на војната.

„Нетанјаху ја попречува имплементацијата на договорот од чисто лични и партиски причини и тој не се грижи за ослободувањето на заробениците ниту за чувствата на нивните семејства“, велат од Хамас.

Тие истакнаа дека договорот за примирје бил постигнат со посредство на меѓународни медијатори и под надзор на светската јавност „што бара обврзување на окупацијата да го спроведе бидејќи тоа е единствен пат до враќање на заробениците“.

Палестинското движење нагласи дека израелските закани и уцени „нема да успеат“.

„Нема друг начин освен преговори и почитување на договорот, во спротивно (Израел) си поигрува со судбината на заробениците“, предупредија од Хамас.

Во неделата Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа, во најновиот потег за заострување на блокадата врз енклавата и покрај примирјето и договорот за размена на заробеници.

Договорот за прекин на огнот е на сила од јануари, со што беше запрена геноцидната војна на Израел врз Газа, во која загинаа речиси 48.500 луѓе, главно жени и деца, а енклавата ја остави во урнатини.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициска акција против трујачите со мазут

Следно

За здрава исхрана за време на Рамазан консумирање јаткасти плодови

Latest from Blog

Божиновска: Регионалната енергетска соработка е клучна за стабилноста на Југоисточна Европа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на шестото издание на „Thessaloniki Metropolitan Summit“, во организација на „The Economist“, каде во фокусот се клучните предизвици и можности за економскиот

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува

Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X) Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација. Церемонијата на доделување

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..
Go toTop