Партиски обвинувања: Деликатесите на владата

March 9, 2025
1 min read

Трошењето на парите на граѓаните и понатаму тема за јавни преписки помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ денеска велат дека додека илјадници семејства во Македонија едвај врзуваат крај со крај, додека платите не стигнуваат ни за основни намирници, владините функционери на Христијан Мицкоски се гоштеваат со луксузна храна за која обичниот граѓанин не може ни да сонува. Од СДСМ велат покрај папаја, манго и аспарагус сега на менито во Влада ќе се јаде лососи, ракчиња, октоподи, краби, бифтек.

Лолита Ристова – членка на Извршен одбор на СДСМ

„Додека народот се мачи со високите цени и недоволните плати како да врзат крај со крај, како да го поминат месецот, што ќе имаат на масата семејствата за јадење, Мицкоски и неговата влада се хранат со луксузни храни на грбот на истиот тој народ. Аспарагус, манго, папаја. Тоа е на менито на Мицкоски и неговите министри. Веќе е објавен оглас за набавка на огромно количество и на морски плодови, месо и риба за потребите на Владата. Додека народот нема за леб, тие набавуваат октоподи, лигни, школки, ракчиња, микс морски плодови, чаден лосос. Срамно!“ – велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека веста е лажна и дека во Влада не јадат ракчиња и лосос, туку дека се работи за рамковна спогодба за набавка на храна, која се набавува доколку има потреба за посета на делегации, а не дека таква храна навистина е набавена.

ВМРО-ДПМНЕ

„Тоа е истата јавна набавка која ја правела и владата на Венко Филипче. Само има една крупна разлика, а тоа е што Венко Филипче јадел ракови, школки и лососи со украдените пари, истите тие пари со кои сега Зоран Заев гради згради во Дубаи, а Венко Филипче ги троши парите од крвавите тендери и „Стабри“ провизиите кои ги правеше додека беше министер, а илјадници луѓе ги загубија своите животи во ковид кризата.“- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно премиерот Мицкоски рече дека во владата се внимавало каква храна конзумираат функционерите, дека во Влада не може да живеат од воздух.

Претходно од партијата на Левица посочија дека Владата троши државни пари за да се гостат со скапи деликатеси, како папаја, манго, аспарагус и други овошја и зеленчуци. Од Левица бараат наместо расфрлање со парите на граѓаните по луксузи, Владата да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската одбранбена индустрија со беспилотните летала со ротирачки крила ќе се претстави на познат саем во САД

Следно

Мерц: Разговори со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop