Беџети за Груби: Немам контакт, надлежните органи треба да знаат каде е!

March 9, 2025
1 min read

Блерим Беџети од ДУИ вели „ако се допре Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза“.

„Напротив, ние не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт. Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицкоски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Затоа што само така ќе се врати стабилноста, политичката стабилност, но и можноста во економската и сите други сфери во нашата држава да има стабилност и да се работи на прогрес и општо добро на граѓаните. Недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност, и те како се нарушува“, вели Беџети во интервју за Радио Слободна Европа.

Според Беџети, за локалните избори има време, досега не е одлучувано ниту за кандидати, ниту е дефинирано со коалициските партнери.

На прашањето дали контактира со поранешниот функционер од ДУИ Артан Груби кој е во бегство, Беџети кратко одговори „не“. На прашањето дали знае каде се наоѓа Груби, тој вели „тоа треба да го знаат надлежните органи“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обраќањето за македонската поезија на Весна Мојсова-Чепишевска во Солун е објавено на грчки портал

Следно

Пендаровски се наметнува за нов лидер на СДСМ

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop