Пендаровски се наметнува за нов лидер на СДСМ

March 9, 2025
1 min read

Да се спаси бродот кој тоне или да се нахрани суетата по поразите на изборите? Кој е мотивот, засега, не е познато, но едно е сигурно – екс претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, не ја крие амбицијата за најудобната фотелја на Бихаќка, претседателската.

Венко Филипче и повеќе од сигурно ќе се соочи со голем пораз на претстојните локални избори закажани за есенва. Рејтингот на СДСМ како партија е минимален, членството веќе на парламентарните и претседателските избори им покажа црвен картон. Поразот кој ќе го доживеат и градоначалниците ќе ја размрда опозиционата партија, па на барање на веќе разочараното членство некој ќе мора да ги преземе работите во свои раце, кога Филипче веќе покажа дека нема капацитет за ваква функција.

Следејќи ги политичките настапи на актуелниот и минатите лидери и функционери од СДСМ, поранешниот претседател на државата Пендаровски се наметнува во трката за нов лидер на партијата. Тој вчера се огласи со повеќе цели, а главната очигледно му била да излезе во преден план, а со тоа да го спинува Филипче и неговиот настан во Струмица.

Од таму, првиот човек на СДСМ испрати многу политички пораки, но Пендаровски го „поклопи“ кон крајот на денот.

Пендаровски долго молчеше, па ако ја нема оваа амбиција, можел да избере било кој друг ден за обраќање, а не оној во кој Филипче држи ваков говор. Сето ова си носи своја порака, како што е сосема јасно зошто Филипче од толку градови во Македонија одлучи вчерашниот настан да го има токму во Струмица.

Со тоа покажува дека логистика му дава Заев. Затоа се зборува дека му е верен следбеник и продолжена рака на екс-премиерот и градоначалник на Струмица, а не самостоен лидер. Тоа членството го гледа.

Со внимание сигурно ги следи и Пендаровски кој си ја крои својата идна политичка функција како претендент да му ја размрда фотелјата на актуелниот прв човек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Беџети за Груби: Немам контакт, надлежните органи треба да знаат каде е!

Следно

Израелската војска уби двајца Палестинци во Газа и покрај прекинот на огнот

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop