Обраќањето за македонската поезија на Весна Мојсова-Чепишевска во Солун е објавено на грчки портал

March 9, 2025
1 min read

Обраќањето на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, македонска книжевна теоретичарка, критичарка и редовна професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којшто беше одржан на конференцијата организирана на 14.12.2024 година од страна на Катедрата за балкански, слависти и ориентални студии на Универзитетот во Македонија во Солун, Грција, во соработка со Катедрата за филологија „Блаже Конески“ на УКИМ, е објавено на грчкиот потртал kokkini.org.

Под насловот „Скопскиот ритам се испреплетува со егејскиот ритам – Неколку зборови за македонската поезија“, пренесува грчкиот портал, пред бројниот аудиториум на Универзитетот во Солун, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска говореше за Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ. Но клучно, во својот реферат потсети и на македонската книжевна и културна традиција и во претходниот период.

Таа говореше на македонски, а паралелно одеше и преводот на грчки, кој за оваа конфренција го направи професорката Александра Јоаниду.

Посочувајќи дека не треба соработката да запре тука, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска нагласи дека во 2025 година треба да се одбележат и 100-те години од излегувањето на АБЕЦЕДАРОТ и на ова одбележување треба да се надоврзе и 80-те години од: 5 мај 1945 кога се усвојува македонската азбука со што се кодифицира македонскиот јазик и 7 јуни 1945 кога излегува првиот Правопис на македонскиот јазик.

Грчкиот портал го пренесува и линкот од Рацин.мк кој известуваше за овој значаен настан од соработката меѓу македонските и грчките научници, писатели и преведувачи.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ во потрага по синдикат по своја мерка, што не бара поголеми плати

Следно

Беџети за Груби: Немам контакт, надлежните органи треба да знаат каде е!

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop