Мисајловски: Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана, Америка максимално нè поддржува

March 9, 2025
1 min read

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, за Гласот на Америка.

-Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина – вели Мисајловски.

Тој додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу 2 милиона евра од македонското министерство за одбрана.

-Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

До крајот на годината треба да стигнат 96 возила JLTV.

-Исто така и возилата „страјкер“ за кои имавме најава дека ќе стигнат и побргу од договореното. За нашата армија тоа е навистина одлично нешто и ќе имаме можеби најдобри оклопни возила, вели министерот за одбрана.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наставничка ги претвора растенијата што ги собира од природата во уметнички дела

Следно

ВМРО-ДПМНЕ во потрага по синдикат по своја мерка, што не бара поголеми плати

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop