Средба Мицотакис – Христодулидис во пресрет на новиот состанок за кипарското прашање

March 8, 2025
1 min read

Претстојниот состанок за кипарското прашање со учество на петте страни што на 17 и 18 март ќе се одржи во Женева, како и европската одбрана, беа во фокусот на средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот претседател на почетокот на средбата рече дека посетата на Атина е со цел со Мицотакис да разменат мислења и посочи дека „во период кога има обиди да се оспорат основните принципи на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет, средбата во Женева е од особено значење“.

– Сакам јавно да кажам дека одам во Женева со јасен план. Многу добро знаеме што сакаме да постигнеме. Ова не е ништо повеќе од продолжување на разговорите од каде што беа прекинати во летото 2017 година, врз основа на достигнувањата на разговорите и со единствена цел да се реши кипарското прашање, врз основа на договорената рамка, на принципите и на вредности на Европската унија, истакна Христодулидис.

Паралелно нагласи дека „сè што излегува од договорената рамка воопшто не е тема за разговор“, изразувајќи задоволство што „ова е став и на меѓународната заедница“.

Грчкиот премиер истакна дека ги цени напорите на кипарскиот претседател „за да го одржи овој дијалог жив, за конечно да се постигне праведно и одржливо решение за кипарското прашање, секогаш потпирајќи се на одлуките на Обединетите нации“.

– Сакам да знаеш дека Грција, до степен до кој тоа е соодветно, ќе учествува и секогаш ќе ги поддржува овие твои напори. Имаме многу да разговараме за нашата координација пред овој многу важен состанок и со нетрпение очекувам да ги слушнам вашите ставови, рече Мицотакис.

Во однос на неформалниот Самит на ЕУ пред два дена посветен на европската одбрана, грчкиот премиер и кипарскиот претседател истакнаа дека беа потврдени цврстите позиции на Грција и Кипар за потребата Европска Унија и земјите-членки да инвестираат повеќе во одбраната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

Следно

Николоски до Пендаровски: Стево, троши пензија и не се брукај – не ја руши позицијата на Македонија!

Latest from Blog

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го
Go toTop