Каранфилова-Пановска: СДСМ во изминатите години ја унапредуваше положбата на жените, продолжуваме да се бориме

March 8, 2025
1 min read

СДСМ во изминатите години ја унапредуваше положбата на жените, продолжуваме да се бориме

Напредно и праведно општество не може да постои ако половина од неговите граѓани се запоставени, обесправени или потиснати. Ние жените социјалдемократки нема да дозволиме тоа да се случи!, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ, во Струмица.

Каранфилова-Пановска потсети дека СДСМ во изминатите години донесе бројни закони со кои суштински се унапреди положбата на жените во општеството, како и мерки за унапредување на економскиот стандард на жените, а во Кривичниот закон беа воведени нови кривични дела како фемицид, демнење, говорот на омраза.

Продолжуваме да се бориме – не само за нас, туку и за идните генерации девојчиња, за нашите ќерки, внуки, кои треба да растат во свет во кој ќе знаат дека нивната вредност не е определена од нивниот пол, туку само и единствено од нивните способности, труд и соништа. Нека 8. Март не биде само ден на честитки, туку ден за акција, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од маршот по повод меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме

Следно

ИНТЕЛИГЕНТНИ И ПРВИ, ИЗЛОЖБАТА ВО НУБ ГИ СЛАВИ УБАВИТЕ ЖЕНИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop