Премиерот за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме

March 8, 2025
1 min read

Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе за најавите дека албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје.

– Јас би внимавал со заклучоците и не би се сложил со вас. Јас разбирам дека уредувачката политика на поедини медиуми има за цел да растури пердуви со невистини и конструкции, да обвинува неосновано, и ние сега како политичари треба да сме дефанзивни и да се браниме. Факт број еден: одлука се носи врз основа на физибилити-студија, физибилити-студија така кажала. Второ, распишан е оглас, се јавила само една компанија иако критериумите се прилично широки. Трето: ништо не е потпишано, ништо не е завршено. Ја слушаме ние јавноста. Јавноста е незадоволна. Од сето ова што претходно го кажав се е според закон, тоа не значи дека ќе потпишеме договор. Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, рече Мицкоски.

Премиерот се повика на физибилити студијата изработена од претходната влада според која паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ треба да биде менаџиран од приватен оператор. Ги повика Градски паркинг Скопје да направат ред бидејќи Клиничкиот центар не функционира, како што кажа, во нормални услови.

– Ние сакавме како Влада гужвата и оние услови кои таму се случуваат да ги организираме. Таму стопанисува Градски паркинг – Скопје, еве тие нека направат ред, немаме ние против, само нека се реши гужвата и тие од Свети Николе кога ќе дојдат да имаат пристојни услови нормално да функционираат и нормално да функционира Клиничкиот центар. Физибилити студијата од претходната влада самата така вели, смета Мицкоски.

Медиумите објавија дека приватниот оператор од Албанија „Ѓока Констракшн“ е единствена компанија која се јавила на повикот за јавно-приватно партнерство. Ако го добие договорот, ќе биде обврзана да инвестира во катни гаражи, но ќе може да наплаќа паркирање по цена од 50 наместо 30 денари од час, а за возврат на државата ќе треба да и префрли само 1 отсто од годишните приходи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

Следно

Каранфилова-Пановска: СДСМ во изминатите години ја унапредуваше положбата на жените, продолжуваме да се бориме

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop