Разорните земјотреси во Туркије одзедоа 44.218 животи

February 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројката на загинати лица од последиците на разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во областа Кахраманмараш се зголеми на 44.218, известува Анадолу.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека од 6 февруари досега се регистрирани 9.136 земјотреси на југот од Туркије, односно последователни потреси по првите два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер.

Потресите беа почувствувани и во соседните земји, вклучувајќи ги и Сирија, Либан и Египет.

Надлежните тимови поставија околу 335.400 шатори што во зоната на потресите ги испратија министерствата и надлежните институции, како и странски земји и меѓународни организации.

Повеќе од 11.400 лица од локален и меѓународен персонал за пребарување и спасување уште работат на терен.

Четири мобилни центри за социјална помош се ангажирани со цел психолошка поддршка во врска со катастрофата во Кахраманмараш, Хатај, Османије и Малатија.

Близу 912.000 луѓе добија психолошка поддршка, од кои околу 615.00 во погоденото подрачје и 297.000 надвор од погоденото подрачје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360°: Можно ли е опозицискиот статус повторно да ги обедини Беса и Алтернатива?

Следно

Советот за безбедност на ОН расправаше за војната во Украина

Latest from Blog

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се
Go toTop