Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

March 7, 2025
1 min read

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со кое ДУИ и остатоците од АА удрија врз командната структура на АРМ. Со каква леснотија овие лешинари и губитници, без срам и без трошка совест, фрлаат кал и изнесуваат лаги врз луѓето кои цел живот ја носат униформата и се гарант на нашата безбедност, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Во кое време живеете вие што ќе ве снема на следните избори? Така ли мислите да добивате политички поени, оцрнувајќи поединци дека биле русофили или србомани и што уште не? Додека целиот свет се наоѓа пред сериозен предизвик, вие – измеќарите на Ахмети одвнатре работите против сопствената држава! Зарем толку сте безидејни и изгубени во вашите гнасни игри па морате да се служите со лаги и измислици? Кој ви даде право да го валкате угледот на овие луѓе? Генералите и офицерите по кои плукате со партиски соопштенија, не паднале од небо – тие со години, со децении, носеле униформа, се заколнале на верност на државата (за разлика од вас што гледате да ја разнебитите), биле на првите линии кога било најтешко!
Да, за разлика од вас, кои цел живот ја продавате државата за ситни интереси, пишува тој.

„Јас, како нивен поранешен колега, не секогаш сум се согласувал со сите одлуки, сме имале различни гледишта по некои прашања. Но едно знам – нивниот професионализам, нивната лојалност и нивната жртва за Македонија никогаш не биле доведени во прашање“, истакна Ковачки.

-И токму тие генерали што ги напаѓате (не се генерали од вчера) беа и понижени согласно одлуки на тогашното раководство на МО и на тогашниот потстанар во вилата на Водно Пендаровски. ДУИ и остатокот од Алијанса, вие сте изгубени во време и простор! Вие сакате армијата да ја вовлечете во вашата партиска кал, сакате да ја делите по етнички линки како што делевте институции, фирми, тендери… Ама армијата не ви е политичка играчка! Ова е македонска армија! Овие луѓе се патриоти, професионалци, браници на оваа земја! Не играат по партиски ноти, не ви се плашат, не клечат пред вас! И затоа ви пречат! За крај – колку и да се обидувате да ги валкате, народот не е слеп, пишува Ковачки.

Пратеникот порача дека Армијата била и ќе остане чувар на државата!

-А вие, политички трговци, ќе останете само фуснота во историјата на почетоците на македонската демократија во која секој можел да кажува секакви лаги и да остане неказнет. За крај, до загрижените од ДУИ и остатокот од Алијанса: овие генерали можеби и имаат учено во поранешна ЈНА и Србија. Таков бил системот. Но истите се вратиле во Македонија кога требало. Неисе – ете уште година – две ќе одат во старосна пензија. Туку што правиме со Талат Џафери кој исто така има учено во ЈНА и Србија (србоман и русофил ли е?) да не е и тој некој „скриен агент”? – пишува тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историски успех за македонската атлетика – Андреас Трајковски осми во Европа!

Следно

Вработени, студенти и други граѓани протестираа пред зградата на РТС во Белград

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop