Орбан рече дека унгарскиот народ ќе гласа за членството на Украина во ЕУ

March 7, 2025
1 min read

Прашањето за членството на Украина во Европската Унија (ЕУ) ќе го ставиме на гласање во Унгарија, а унгарскиот народ ќе го каже своето, изјави Виктор Орбан, известува Анадолу.

„Ние ќе ја следиме нивната волја“, изјави унгарскиот премиер на социјалната мрежа „Х“.

Тој нагласи дека „доделувањето членство на Украина во ЕУ не е одлука што треба да се донесе зад затворени врати во Брисел, без консултација со европската јавност“.

„Ќе го ставиме прашањето за членството на Украина во ЕУ на гласање во Унгарија, а унгарскиот народ ќе го каже своето“, додаде Орбан.

Тој порача дека Европа треба да го поддржи мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп „наместо да плива спроти приливот“.

„Светот сака мир и време е Европа конечно да го земе предвид тоа“, заклучи унгарскиот премиер.

Лидерите на 26-те земји членки на Европската Унија синоќа издадоа заедничка изјава во која ја потврдија својата посветеност за поддршка на Украина во нејзиниот конфликт со Русија. Сепак, декларацијата не беше потпишана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше гласен критичар на некои политики на ЕУ во однос на Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нормализиран сообраќајот кај Тркање по тешката несреќа со двајца загинати

Следно

Нема мир во Манчестер Јунајтед: Навивачите најавуваат протестен марш во недела

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop