Пешевска: СДС покажаа дека личните и партиски интереси им се пред сите жени

March 7, 2025
1 min read

СДС покажаа дека личните и партиски интереси им се пред сите жени. Денес не дојдоа на свечената седница во собрание, која се одржува традиционално и го осквернавија празникот на жената. Плус дополнително пред некој ден, пратеничката и претседателка на клубот на пратенички, Јованка Тренчевска со манипулативна изјава за соопштението од клубот на пратенички, за кое што ниту било на дневен ред, ниту имало кворум на таа координација, изјави дека сме го поддржале, па сме се повлекле, вели Жаклина Пешевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Клубот на пратенички како неформално тело во кое сме имале некогаш и жестоки расправи сме носеле одлуки со консензус за добробит на жените во општеството. Со такви изјави колешката ја намалува довербата во клубот, но го доведува во прашање и консензусот кој со децении сме го имале. Како претседателка на КЕМ повикувам на разум и достоинствено однесување на сите вклучени во политиката, без лични напади и напади кон членови од семејството. Во Собранието имало побрутални напади, и тоа напади кон жени од премиер, вицепремиер и сега треба да паднам на нивното ниско ниво и да барам извинување за тоа што со години ме навредуваа вратар, терорист, убиец и тоа од нивни жени пратенички. Но тогаш сите молчеа, како што молчеа при многу напади врз жени во политиката, рече таа.

Пешевска потсети за еден и единствен случај кога со консензус во клубот на пратенички имаа заедничка прес конференција во одбрана на жена политичарка од опозициона партија.

-Во својата безидејност ја држат темата високо во јавноста, а причините им се лични и посуштински, само што немаат доблест да признаат. Денес покажаа политичка незрелост и тоа токму на празникот на жената, за што се извинувам што на убав ден ве оптеретуваме со вакви работи. Нека е честит денот на жената и да имаме што помалку вакви ситуации, рече таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 22 лица загинаа во пукотници поврзани со банди во Еквадор

Следно

Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони
Go toTop