Трипуновски за Курир: Македонија ќе има бенефит од продлабочувањето на соработката со Унгарија

March 6, 2025
1 min read

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вечерва беше гостин во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски на КУРИР.

Тој беше дел од делегацијата со која премиерот изминативе денови беше во посета на Унгарија. Трипуновски оценува дека Орбан бил одличен домаќин и дека македонската делегација имала срдечен пречек.

Освен заедничка меѓувладина седница, македонските министри имале и низа средби со своите колеги во Будимшешта, каде разговараа за своите области.

-Со мојот колега имавме и билатерална средба  и помали состаноци на кои разгиваравме околу она што не мачи околу земјоделското производство, предизвиците со кои се соочуваме. Посебно во делот на климатските промени, производство на храна. Договараме средба која треба да се случи за месец и половина од сега, една официјална посета на колегата во Скопје. Разговаравме за еден документ кој треба да го потпишеме со кој ќе се обврземе за взаемна помош, односно искористување на сите потенцијали кои ги има Министерството за рурален развој во Унгарија. Продлабочување на соработката и во делот на образованието, научните истражувања, достигнувања кои ги имаат направено. Тие се голема држава, развиено земјоделство, многу потенцијали. И во делот на науката заедно со Земјоделскиот институт да ги доближиме соработките, рече министерот.

Трипуновски објасни дека бенефитот ќе биде ние како држава она што е постигнато во делот на науката и земјоделството, да не ги повторуваме грешките кои ги направиле, да имаме олеснет патоказ.

-Ќе потпишеме меморандум за соработка, ќе ги дефинираме приоритетите кои ни се нас важни како држава од областа на земјоделството. Разговаравме и за трговската размена. Ние се бориме да обезбедиме пласман на нашите производи, да ги пласираме што е можно повеќе на европскиот пазар. Унгарија е добар пријател и мислам дека можеме и во тој дел да постигнеме многу со заедничко претставување на компаниите, производите, преработките, за да ги пласираме, рече Трипуновски.

Ваквите посети, оцени министерот имаат огромен ефект.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шмит ги повика институциите на БиХ да го заштитат уставниот поредок на земјата

Следно

Претседателот на хрватскиот Сабор, Јандроковиќ го посети македонското Собрание

Latest from Blog

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да
Go toTop