Првата дама на САД навести дека Џо Бајден е подготвен за нова претседателска трка

February 24, 2023
1 min read

Првата дама на САД Џил Бајден денеска даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден одамна ја искажа својата намера повторно да се кандидира за функцијата, тоа се уште официјално не го сторил, а го мачат прашањата дали не е престар за да продолжи како претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, на крајот на вториот претседателски мандат ќе има 86 години.

-Тој вели дека сè уште не е готов со обврските. Не го завршил тоа што го почна, и тоа е важно, рече Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка, и притоа праша колку пати тоа мора да повтори за луѓето да поверуваат.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.

Првата дама на САД неодамна беше опишана како клучната фигура во орбитата на Бајден во однос на неговите планови за иднината.

-Тоа е така затоа што јас сум негова сопруга, изјави таа, пренесена од американските медиуми.

Меѓутоа, на прашањето дали таа е одлучувачкиот глас за претседателската кандидатура на сопругот, Џил Бајден одговори дека тој ќе ја сослуша, бидејќи тие се брачна двојка, меѓутоа, „тој самиот си ги носи одлуките, верувајте ми“, додаде таа.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ердоган во телефонски разговор со Путин повикал на праведен мир

Следно

Силувачите на девојче во Косово добија вкупно 40 години затвор

Latest from Blog

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop