Ердоган во телефонски разговор со Путин повикал на праведен мир

February 24, 2023
1 min read

Во септември минатата година тој понуди да посредува со цел да се реши кризата околу нуклеарната централа Запорожје. Анкара испрати беспилотни летала во Киев, но турската влада одби да се приклучи на западните санкции против Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин повика на „праведен мир“ во Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател на првата годишнина од руската инвазија.

„Претседателот Ердоган ја нагласи потребата да се постигне праведен мир со цел да се избегне понатамошна загуба на човечки животи и уништување“,

се вели во кратката изјава.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Ердоган се обидува да балансира меѓу Киев и Москва.

Во септември минатата година тој понуди да посредува со цел да се реши кризата околу нуклеарната централа Запорожје. Анкара испрати беспилотни летала во Киев, но турската влада одби да се приклучи на западните санкции против Русија.

Турскиот претседател неколку пати се сретна со Путин, а е во редовна комуникација и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ердоган разговараше и со Макрон

Ердоган во петокот телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му рече дека е неопходно „да се зајакне притисокот и изолацијата на Русија“ за таа да се „откаже“ од својата агресија врз Украина.

„Во оваа смисла, шефот на државата го истакна предизвикот за борба против какво било заобиколување на наметнатите санкции“,

информираат од Елисејската палата.

Тој исто така рече дека „приоритет треба да биде да се зајакне поддршката за Украина за да ѝ се овозможи да победи против Москва.

„Претседателите Макрон и Ердоган „ја повторија својата непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и разговараа за корисните активности што би можеле да ги преземат за доброто на цивилното население и во корист на враќањето на мирот, што ќе се постигне со целосна почит на легитимните права на Украина“,

се вели во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.

Од почетокот на војната, шефот на француската држава тврди дека треба да продолжи да разговара со Русија и да размислува за условите за идните преговори меѓу Москва и Киев.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не е вистина дека лажеме, велат од ИРЛ!

Следно

Првата дама на САД навести дека Џо Бајден е подготвен за нова претседателска трка

Latest from Blog

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа

Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Партијата ВЛЕН преку објава побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“, во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, поставувајќи прашање зошто сè уште нема обвинение.
Go toTop