Александар Шуковски нов заменик директор во „Македонија пат“, на местото од Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка

March 4, 2025
1 min read

Александар Шуковски ќе го замени Сашо Дранго како заменик директор во „Македонија пат“. Информацијата самиот ја сподели на друштвените мрежи. ТВ21 побара одговор од Влада, дали поради убивањето и сликањето со мечка Сашо Дранго е разрешен од функција, но до објавување на овој текст, одговор не добивме.

„Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до Претседателот на Владата, Г-дин. Проф.д-р Христијан Мицкоски, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“, напиша Шуковски.

За сашо Дранго имаше бурни реакции во јавноста откако тој на својот Фејсбук профил објави фотографија на која држи пушка покрај мртва мечка. Како што тогаш тврдеше, тој не ја застрелал мечката, туку таа била жртва на сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неговите колеги од „Македонија пат“ ја тргнале од патот Битола-Ресен за да ја ослободат од сообраќајната опасност.

Дали во меѓувреме Дранго бил повикан на распит или не, не може да се дознае.

Последната изјава од премиерот Христијан Мицкоски беше дека не верува во приказната на Дранго за убиената мечка.

„Не сум убеден во точноста на неговата верзија дека случајно нашол отепана мечка на пат, но мораме да најдеме начин, односно ние мораме да ги запазиме процедурите за да дојдеме до решение, а рековме има истрага. Таа истрага ќе се заврши. Доколку, а не сум убеден, повторно ќе кажам, дека тоа што го кажува е така, дека мечката ја нашле на пат и дека сето тоа така се завршило, доколку истрагата констатира и го потврди ова во што не сум убеден, се разбира дека неговиот в.д. мандат нема да биде продолжен“, рече Мицкоски во интервју за „360 степени“.

Инаку, во Законот за дивечот и ловството, во членот 11 пишува дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането, додека во членот 14 е наведена трајната забрана за лов на мечки. За отстрел на мечка предвидена е и парична казна од 18.000 евра за мечка постара од две години, додека Кривичниот законик во членот 228 предвидува и затворска казна до три години за ловењето на дивеч под заштита.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Некои компании ќе се опарат, првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Следно

Стојаноски: Нема да го прифатиме предлог законот на опозицијата, затоа што е уште едно од низата на промашени мерки на СДС

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop