Некои компании ќе се опарат, првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

March 4, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, дури од Будимпешта испрати абер дека, првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка.

Во изјава за медиумите во Будимпешта, таа наведе дека побарувачката кај компаниите за користење на средства е неколку пати поголема од износот на кредитот и оти средствата се достапни за сите компании.

„Согласно условите што ги одреди Владата право на пристап до овие средства имаат сите компании со исклучок на оние што се занимаваат со производство на алкохолни пијалоци, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, рече министерката, додавајќи дека директен увид во одлуките на банките за тоа кои проекти ќе бидат поддржани нема, но дека доколку има отстапки банките би можеле уште еднаш да ги разгледаат апликациите и да ги земат предвид билансите на компаниите.

Таа се осврна и на делот од заемот кој е повлечен од Унгарија за поддршка на општините и изрази задоволство од реализацијата на тие средства.

„Очекувам да имаме одлична реализација имајќи предвид дека имаме изборна година и дека секој еден градоначалник без разлика од која политичка партија  ќе има желба да праави побрза реалиација на проектите со кои ќе аплицира“, рече министерката.

Министерката за финансии вчера и денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министри од Владата, учествуваше во Будимпешта на Македонско-унгарскиот самит. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Под истрага началник и виш инспектор, попречувале докажување во постопка

Следно

Александар Шуковски нов заменик директор во „Македонија пат“, на местото од Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop